16.9 C
Ohrid
петок, јули 26, 2024
ПочетнаМакедонијаКлиментина била мајка на малолетно дете- Лелек, тензии, за високите казни од...

Климентина била мајка на малолетно дете- Лелек, тензии, за високите казни од обвинетите: „Кај ќе ви оди душата?“„Чист сум пред Бога“ вели еден од осудените !!!

Мајката на осудениот Андреј Костовски со лелкање ја високата затворска казна на нејзиниот суд. Обвинетата Клементина Лефковска исто така реагираше на високата казна и бараше да ја однесат во тоалет бидејќи и се повраќа. Нервозен и со коментари кон судот, реагираше Анџело Ѓоргиевски- Пишува А1 он

Додека обвинителката Тања Трајчевска бараше продолжување на мерката притвор поради опасност од бегство, а Анџело коментираше, реагираше судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ со тропање на масата за да ја смири атмосферата.

„Ќе ме избркате од судница што е? Притвор продолжува“, ѝ рече Анџело на судијката која удри на масата бидејќи тој говореше пред да добие збор.

„Смири се“, му порача адвокатот, а тој му врати: „Што да се смирам?“.

Најголем шок беше евидентен кај мајката на Андреј Костовски, третообвинет, која со лелек и неверување ја слушна 16 годишната казна на нејзиниот син, за кого судијката посочи дека имало искрено каење. Таа беше во шок.

По завршување на судењето, Костовски се обрати до мајка му: „Пред господ сум чист, не сум убил никого. Совеста ми е чиста. Тоа е заради јавност, знаеме под кави околности. Не се секирај мама, се е во ред“.

Реакцијата имаше и од мајката на Клементина која доби 18 години казна затвор.

„Која е оваа правда? Што е ова“, прашуваше мајката која со реакциите продолжи и во ходникот на судот.

Дел од обвинетите, за време на паузата беа извадени од судницата поради негодување и коментирање. Но, коментари до обвинителката имаа и првите двајца обвинети.

„Ах Тања, Тања кај ќе ви оди душата?“, и се обрати Анџело и на обвинителката.

„Ова не е убиство“, и рече Клементина на обвинителката, а таа ја напушти судницата.

Судијката Елена Илиевска-Јосифовиќ изрече високи затворски казни за тројцата обвинети за убиството на Денис Тот. Првообвинетиот Анџело Ѓорѓиевски е осуден на 18 години. Второобвинетата Клементина Лефковска е осудена на 18 години затвор. Третообвинетиот Андреј Костовски е осуден на 16 години затвор.

Извор: А1 он

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...