8.6 C
Ohrid
недела, јануари 26, 2025
ПочетнаМакедонијаЌе поевтинат влошките за меструална хигиена и тампоните..

Ќе поевтинат влошките за меструална хигиена и тампоните..

spot_img

Средствата за менструална хигиена (влошки, тампони, чашичка и слични производи), ќе имаат повластена даночна стапка од 5 проценти, соопшти денеска премиерот Димитар Ковачевски, и рече дека ова е владин придонес во борбата со менструална сиромаштија. Со намалувањето на данокот на додадена вредност од 18 на 5 отсто на производите за менструација ќе се намали продажната цена.

<

Врз основа на иницијативите од страна на група пратеници како и од граѓанскиот сектор, со новиот концепт на даночна реформа направивме решение кое ќе овозможи поголема достапност на овие производи до сите жени и девојки независно од економската положба и куповната моќ“, рече Ковачевски.

Изминативе години, неколку невладини организации и здруженија постојано истражуваа и апелираа до институциите дека е потребно целосно ослободување или намалување на ДДВ за овие производи. Тие, исто така, апелираат дека на товар на државниот буџет треба да има бесплатни производи за ученичките во основните и средни училишта, а да бидат достапни и во јавните тоалети низ земјава.

Жената во Македонија во текот на својот живот троши осум месечни плати само за трошоци поврзани со менструални производи и лекарства за менструална болка, покажаа резултатите од студијата за пристапот до менструална хигиена во Македонија насловена „Менструална правда: проценка на состојбите со менструалната сиромаштија и препораки за унапредување на политиките“, објавена лани.

ЕДНА ЖЕНА ВО ЖИВОТОТ ТРОШИ 8 ПРОСЕЧНИ ПЛАТИ НА МЕНСТРУАЛНИ ВЛОШКИ, НЕВЛАДИНИТЕ БАРААТ НАМАЛУВАЊЕ НА ДАНОКОТ И БЕСПЛАТНИ ПРОИЗВОДИ ЗА УЧЕНИЧКИТЕ
Уште во 2019, истражувањето на здружението Новинари за човекови права и Институтот за јавно здравје покажа дека 15 отсто од девојчињата во Македонија користат весници наместо хигиенски влошки за време на менструалниот циклус, поради високата цена на средствата за лична хигиена. Истражувањето било направено во 2018 во април и мај, во Скопје, Велес и Куманово, со 800 испитаници, на возраст од 14-45 години.

МЕНСТРУАЦИЈАТА ВО ЗЕМЈАВА Е ЛУКСУЗ, 15 ОТСТО ОД ДЕВОЈЧИЊАТА КОРИСТАТ ВЕСНИЦИ НАМЕСТО ВЛОШКИ ОТИ СЕ СКАПИ
Лани во буџетот за 2022 Советот на Град Скопје предвиде 32.000 евра со кои средношколките во училиштата во Скопје под надлежност на Градот ќе добиваат бесплатни менструални производи.

Сдк.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонија го заврши Светското првенство на 15. место

Македонската ракометна репрезентација го освои 15. Место на СП 2025 што се одржува во Хрватска, Данска и Норвешка, откако нашите ракометари со вечерашниот пораз...

Клековски објасни зошто нема лекови на „Онкологија“: Не сакаме да купуваме на реверс

Директорот на Фондот за здравство, Сашо Клековски, вечерва во „Тема на денот“ на ТВ Сител рече дека нема да се купуваат лекови на реверс...

Данела Арсовска објави слика од насилници кои претепале службени лица !!!

Градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска, го повика МВР да ја уапси, како што вели таа, банкадата која пали диви депонии, откако биле претепани...

Притвор за двајца полицајци од Битола оддавале службена тајна

На 24.01.2025 од страна на полициски службеници од Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, Одделот за криминалистичка полиција и СВР Битола...