27.9 C
Ohrid
вторник, јули 1, 2025
ПочетнаМакедонијаТолку беше од пријателството: Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

Толку беше од пријателството: Град Скопје го раскина договорот со „Слобода превоз“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Договорот со здружението на приватни превозници „Слобода Превоз“ денеска е раскинат поради неисполнување на обврските кои произлегуваат од договорот, информираат од Град Скопје.

<

Во случајов, се работи за обврската за континуирано и непрекинато давање на јавната услуга за превоз на патници. За жал „Слобода Превоз“ повеќе од два дена во континуитет не ја извршуваше оваа договорна обврска со што поради непочитување на договорот истиот е раскинат. Ги повикуваме сите приватни превозници да се јават на јавниот повик кој ќе биде објавен во текот на следната недела. Сметаме дека со овој модел, склучување на директни договори за јавен градски превоз со индивидуални превозници ќе придонесе за поголема транспарентност на процесот и полесно разрешување на потенцијални проблеми – стои во објавата од Град Скопје.

Според градските власти, градскиот јавен превоз функционира непрекинато, и како што велат оттаму, ЈСП „Скопје“ во овој момент има доволно капацитети да ги задоволи потребите на скопјани.

Апелираме до „Слобода Превоз“ да ја ревидираат одлуката за блокирање на главниот град, бидејќи на тој начин нема да постигнат разрешување на проблемот, напротив, на овој начин проблемот се продлабочува. Скопјани не се должни да бидат колатерална штета, поради нерационалните барања на „Слобода Превоз“. Со уцени, нема договор – велат од Град Скопје.

Слободен Печат

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Март Кос: Идентитетот ви се манастирите, погачата, тавче-гравче, пинџурот или полнетите пиперки!

Еврокомесарката за проширување Март Кос вели дека идентитетот не може да биде предмет на политичко одлучување, бидејќи идентитетот е нешто што си го носиме...

Охриѓанец во ноќен клуб си ја истепал сопругата.

На 01.07.2025 година во 09.15 часот, лишен од слобода е С.Г.(35) од Охрид кој на 30.06.2025 година во 22.10 часот, во ноќен клуб во...

Тошковски: Апсењето во Струмица беше филмско, планирале дрогата да ја изнесат надвор од Македонија

Три лица уапсени, автомобилот бил полн со дрога, постоел план за нејзино изнесување од Македонија. Ова се клучните детали од вчерашната акција во Струмица,...

Битолчанец во казино претепал доктор, па потоа ја нападнал и полицијата !!!

Предложен притвор за осомничен за напад врз лекари и полицајци Основното јавно обвинителство Битола поведе постапка против едно лице за кое постои основано сомнение дека...