2.8 C
Ohrid
понеделник, декември 11, 2023
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Лажните дојави за бомби се терористички акт кои треба да бидат...

Спасовски: Лажните дојави за бомби се терористички акт кои треба да бидат најостро казнети

Спасовски вo „Само интервју“ на Канал 5: Лажните дојави за бомби се терористички акт кои треба да бидат најостро казнети

Во емисијата „Само интервју“ на Канал 5, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, одговарајќи на прашањето за дојавите за поставени бомби во неколку училишта во Скопје, потенцираше дека тоа се хибридни напади кои знаат да бидат поопасни од конвенционалните, а целта е да предизвикуваат несигурност кај граѓаните, страв, паника, нестабилност во институциите.

„Пораките се со заканувачка содржина, дека во тоа и тоа училиште се поставени експлозивни направи. Се трошат и ресурсите на министерството. Најважно е што се предизвикува вознемиреност. Извршени се сите проверки, повторно станува збор за лажни дојави. Истрагата во овој дел е сосема при крај. Се очекуваат потврди на одредени факти и тоа се многу важни детали. Имаме лица кои се осомничени и веднаш со потврдувањето на фактите ќе се дадат насоки од обвинителството. Ова е терористички акт. Која и да е причината која што внесува таков раздор и несигурност кај граѓаните, треба да биде најостро казнета“, потенцираше Спасовски.

Министерот Спасовски дополни дека ние не сме изолиран случај, туку повеќе држави се цел на ваквите напади, кои зачестија после руската агресија врз Украина.

spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Телма на местото на злосторството – За првпат објавено местото каде Вања била закопана

Јавноста се уште не се смирува со реакции по смрта на Вања и Панче кои претходно беа киднапирани. За првпат Телма ТВ успеа да дојде...

Јован Митрески,новиот претседател на Сообрание?

Извори од вледејачката СДСМ брифираат дека претседателот на партијата Димитар Ковачевски, за во недела закажал состанок на раководството на СДСМ. Неофицијално се дознава дека на...

Вмро Дпмне веднаш го разреши претседателот на месниот комитет во Охридско, откако истит бил фатен од страна на полициските службеници како конзумира дрога.

Лицето А.Т по пријавата од МВР за поседување на наркотични средства е веднаш разрешен од местото претседател на месниот комитет во Охридско соопштуваат од...

ЗАГИНА ЛОВЏИЈА ВО КИЧЕВСКО, по грешка застрелан со два истрели

Ловџија од кичевско денеска го загуби животот на лов, откако денеска околу 15 часот бил застрелан од друг ловџија во селото Бигор Доленци, дознава...