6.1 C
Ohrid
петок, април 26, 2024
ПочетнаМакедонијаПсихијатри: Македонија e дaлeкy oд пoдгoтвeнa зa лeгaлизaциja нa мapихyaнaтa

Психијатри: Македонија e дaлeкy oд пoдгoтвeнa зa лeгaлизaциja нa мapихyaнaтa

spot_imgspot_img

Дали и колку е подготвена Македонија за целосна легализација на марихуната? По најавата на премиерот Заев дека се размислува за легализирање на марихуаната и нејзино законско конзумирање во угостителски објекти се отворија многу прашања најглавното: колку овој потег ќе биде корисен за општеството? Според психијатрите, земјава е далеку од подготвена за таков чекор бидејќи нема протоколи и услови за масовна употреба на оваа супстанца.

“Добар дел од консументите ја користат се почесто и почесто и влегуваат во замката на зависноста. Легалзиација на марихуната значи дека се отвара пандорината кутија.Треба да најдеме начин бидејќи, не можеме да ги контролираме децата колку одат во обложувалници, истото би се случувало и во тие “coffe shops”како ќе се регулира тоа? Тоа треба да биде процес кој ќе помине неколку фази..и повторно да биде строго лимитирано.” –изјави за Алфа, д-р Ставре Грамов, психијатар.

Д-р Ставре Грамов за Алфа порачува користење на марихуна исклучиво кај лицата со здравствени проблеми.

“Користењето на марихуната би ја издвоил само кај оние лица кои имаат здравствени проблеми.Кај здрави лица јас не би издвоил ниту една позитивна особина. Психоактивната суптанца THC предизвикува психолошка зависност. “ – вели д-р Грамов.

Додека се чека почеток на дебата за легализација на марихуаната, производителите чекаат носење на нов закон кој ќе дозволи извоз во странство на цвет од канабис. Од здружението за канабис и зелени политики засега се внимателни по најавите за легализација на марихуаната за рекреативно туристички цел бидејќи стравуваат да не се случи истото сценарио како со легализацијата за производство на медицински канабис.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Од денеска поскапува регистрацијата на возилата

Осигурителните компании денеска ги пречекаа граѓаните со нови ценовници. Цената на полисата за автоодговорност е поскапена за 15,4 отсто. Па така наместо досегашните 5.453...

Нереално е дека Давкова ќе победи со 100 илјади гласови разлика, рече Маричиќ пред месец дена во студиото на ТВ21

Бојан Маричиќ од студиото на ТВ21 пред еден месец, рече дека борбата помеѓу Силјановска-Давкова и Пендаровски ќе биде тесна, и дека Пендаровски на крајот...

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија прослави јубилеј: 100 отсудени меча во ПМФЛ

Стружанецот Качевски, кој е ФИФА судија од 2022 година, имаше јубилеј во Првата македонска фудбалска лига. Зад своето име арбитарот дојде до бројката од...

Стигнаа 76 неборбени возила од Норвешка за Македонија

Кралството Норвешка денеска ѝ ја предаде донацијата од 76 неборбени моторни возила на земјава. На предавањето на возилата во касарната „Илинден“ во Скопје свои...