30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаУчениците заедно со нивните родители ќе бидат повикани во Обвинителство за малтретирањето...

Учениците заедно со нивните родители ќе бидат повикани во Обвинителство за малтретирањето на нивниот соученик, на кого му го кинеле долниот веш и го терале да седи со свиткана кичма за тие да имаат добар видик !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Силеџиите од основното општинско училиште „Даме Груев“ во Градско, каде што најдобриот ученик не сака повеќе да оди на часови поради малтретирање, че бидат повикани на разговор во велешкото обвинителство, заедно со нивните родители, објави Телма.

<

Претходно градоначалникот на Општина Градско, Киро Нацков, информираше дека ја разрешил директорката. Случајот бил пријавен во МВР и Центарот за социјални работи.

„Веднаш по отворањето на предмет Јавното обвинителство Велес работи на целосна документација од Центарот за социјална работа Велес, при што по налог на јавен обвинител ќе се вршат разговори со детето ќртва на врсничко насилство и неговите родители, соучениците и наставниот кадар“, информира Јавно обвинителство – Велес.

Станува збор за случајот во кој двајца деветтодделенци, во ООУ„Даме Груев“ во Градско, во два наврати, му искинале долен веш на соученик во соблекувалната за физичко образование. Првпат тоа се случило на четврти а вторпат на 11 ноември, кога ученикот се вратил дома освен со искинат долен веш и со гребнатини на телото.

Министерството за образование и наука (МОН) вчера ја поздрави одлуката на градоначалникот на општина Градско за разрешување на директорот на основното општинско училиште каде беше утврден случај на врсничко насилство.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...