13.5 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаИ покрај што нафтата е 84 денари, ЈСП склучи договор да купува...

И покрај што нафтата е 84 денари, ЈСП склучи договор да купува нафта по цена од 100 денари од Пуцко Петрол

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

ЈСП „Скопје“ на 25 октомври годинава склучило договор со фирмата „Пуцко петрол“ за набавка на гориво со фиксна цена од 100 денари за литар плус ДДВ. Вкупната сума на договорот кој може да се најде на страната на Бирото за јавни набавки е 26 милиони евра, за период од две години. Тоа значи дека колку и да е цената на горивото на пазарот, ЈСП во наредните две години ќе плаќа цена од 100 денари плус 18 отсто ДДВ, односно 118 денари. Денеска, цената на литар еуродизел БС е 86,5 денари, што значи дека јавното сообраќајно претпријатие на Град Скопје плаќа 31,5 денари повеќе за горивото од цената на пазарот.

<

На вчерашната седница на Советот на Град Скопје за советнички прашања, советникот од СДСМ Зоран Георгиевски го праша директорот на ЈСП Александар Стојковски зошто новиот договор за набавка на гориво е со фиксна цена од 100 денари плус ДДВ за 2 години.

На прашањето не беше одговорено. Директорот Стојковски кој го потпишал договорот не излезе на говорницата да ги образложи одредбите. Наместо него, секретарот на Град Скопје Зоран Глигоров само кажа дека писмено ќе биде одговорено на прашањето. Советниците во Градот од почетокот на мандатот на Арсовска до сега постојано кажуваат дека не добиваат писмени одговори на прашањата.

Поранешниот директор на ЈСП Кристијан Чушков вели дека во неговиот мандат договорот за набавка на гориво не бил со фиксна цена, туку по цена на горивата на бензински пумпи утврдена од Регулаторна комисија плус 6 денари рабат.

Васко Кичевски, претседател на Градската организација на СДСМ, вели дека со ваквиот договор јавното претпријатие месечно е во загуба од пола милион евра.

„ЈСП денеска плаќа 100 денари литар нафта плус 18% ДДВ или 118 денари за литар. Во моментов, еден литар нафта чини 86,5 денари, а дневната потрошувачка на нафта на ЈСП е помеѓу 25 и 28 тони. За да станат работите појасни, ЈСП дневно прави загуби од 1.000.000 денари или месечно 500.000 евра. Е па извинете, ама со вакво крадење сигурно ќе го банкротирате градот“, напиша Кичевски на својот Фејсбук профил.

ЈСП „Скопје“ постојано има потешкотии во работењето па Град Скопје им дава субвенции. Само минатиот месец им беа префрлени 2 милиони евра оти немаа пари за да поделат плати, поради што протестираа шоферите и еден ден Скопје беше без јавен превоз.

А. АНТЕВСКА СДК.МК

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...