16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПотрошувачката на струја „скокна“ за 474 отсто во Арачиново- градоначалникот „не знаел“...

Потрошувачката на струја „скокна“ за 474 отсто во Арачиново- градоначалникот „не знаел“ дали таму се копаат биткоини

Дали се „копаат“ биткоини во Арачиново? Во емисијата „10 минути“ на ТВ 21 градоначалникот на Арачиново Ридван Ибраими одговори дека тој „лично нема информации и оти за ова треба да се прашаат институциите надлежни за спроведување на законот“ – објави ТВ 21.

ТВ 21 го пренесе одговорот на Ибраими на тоа прашање: „Оваа информација кружи, но јас немам механизам да ги проверувам граѓаните дали дома ‘копаат’ биткоини. Овие информации треба да ги имаат органите на прогонот. Јас лично немам информации дали се ‘копаат“ биткоини во Арачиново“ – изјави градоначалникот Ибрахими.

Инаку Арачиново имало неверојатно зголемување на потрошувачката на струја за дури 474 отсто споредено со октомври 2021 година, во ситуација кога од 81 општина во Македонија 65 општини во октомври постигнале заштеда од најмалку 15 отсто, од кои 12 општини постигнале заштеда поголема од 50 отсто.“

Според проценките, кои ги изнесоа во првата половина од оваа година научниците од Универзитетот Кембриџ во Англија, за „рударењето само на еден биткоин се потребни 300 киловатчасови електрична енергија“. Без никакво сомневање, во изминатите месеци од 2022 година омасовеното „копање“ на биткоинот во Македонија во огромна мера го оптовари електроенергетскиот систем, попречувајќи го нормалното снабдување на економијата и домаќинствата со овој најважен енергенс.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...