31.9 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДисциплинска за тројца полицајци-Синот на Буши не го возел „мерцедесот“ со флешери

Дисциплинска за тројца полицајци-Синот на Буши не го возел „мерцедесот“ со флешери

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Од Министерството за внатрешни работии соопштија дека, по извршени детални проверки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, комплетно е расчистен случајот со нелегалното користење на т.н. флешери, за кој во јавноста беа пласирани низа шпекулации.

<

-Од обезбедените видео снимки и други службени материјали, утврден е идентитетот на возачот Г.К. (29), кој управувал возило кое е во сопственост на правно лице. На Г.К. во полициска станица му е изготвен записник за констатиран прекршок од Законот за безбедност во сообраќајот и поведена е прекршочна постапка против правното лице и одговорното лице. Исто така, по извршена контрола врз возилото во полициска станица, утврдено е дека се отстранети нелегално поставените флешери, информираа од МВР.
Од Министерството наведоа дека по детални проверки на службените материјали, како и преглед на видео материјал и фотографии, констатирано е дека на 26 ноември 2022 во 17.25 часот во СВР Скопје е добиена анонимна пријава дека патничко возило „мерцедес“ со скопски регистерски таблички со голема брзина и вклучени флешери се движи од Качанички пат кон Скопје, по што се известени службите на терен за да го запрат возилото.

– Но, по неколку минути, В.А., раководно лице во СВР Скопје, дал насоки да се повлече објавата односно да не се запира возилото затоа што, како што кажал, било службено, и со тоа довел во заблуда двајца полициски службеници од Центарот за известување и команда, кои без проверка ја повлекле објавата и ја запреле потрагата по возилото. Против тројцата се изготвени иницијативи за дисциплинска постапка од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, додадоа од МВР

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...

Ново убиство ја потресе Македонија- Телото на убиениот сеуште е во автомобилот.

Едно лице е убиено откако беше нападнато со огнено оружје при тешкиот инцидент што се случи денеска во Тетово, информира ТВ21. Неофицијално, убиството е извршено...

Се запали глисер на брегот на Охридското Езеро.

Денеска попладне во туристичката населба Елешец, на брегот на Охридското Езеро, избувнал пожар на глисер. Според првичните информации, огнот брзо се проширил, а густ чад...

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...