4.4 C
Ohrid
понеделник, декември 23, 2024
ПочетнаМакедонијаОбичен работник треба да работи 5 месеци да земе плата како на...

Обичен работник треба да работи 5 месеци да земе плата како на премиерот, а има директори кои се уште повеќе платени

spot_img

Директори на некои државни претпријатија, па макар и загубари, имаат дури и двојно повисока плата од премиерот или претседателот на државата. Ако фирмата има успех, ќе си поделат и бонуси, ако оди во загуба, владата ќе им го покрие долгот, пишува Радио Слободна Европа.

Претседателот на државата, пратениците во Собранието и министрите во Владата имаат месечна плата од околу 1500 евра. Тоа е трипати повеќе од просечната плата во земјата која изнесува околу 500 евра. Работник, пак, кој има минимална плата од 18 илјади денари, ќе треба да работи повеќе од 5 месеци за да заработи колку овие функционери за еден месец. Но, тие не се најплатените функционери во државата. Директори на државни фирми земаат и двојно повисоки плати од луѓето со најголема моќ и одговорност во државата-Пишува Зоом.МК

Според законот за плати на избрани и именувани лица, тројцата функционери од државниот врв имаат најголем коефициент од 4,5 за пресметка на плата. За пресметка на бруто плата се зема основица, која со закон е пресметана на 26.755, се множи со 4,5 и на таа сума се додаваат годините стаж, односно колку поголем стаж имаат, толку и платата им е поголема.

Пресметка на плата на претседателот на државата:

Нето платата на претседателот Стево Пендаровски изнаесува 92.941 денари, велат од Кабинетот на претседателот за Радио Слободна Европа. Основицата на платата е зголемена за 18 отсто по основ на минат труд (36 години стаж). Во бруто износ, претседателската плата изнесува 142.070 денари.

Основица: 4,5 х 26.755,00 МКД = 120.398,00 мкд

Минат труд: 18% од 120.398,00 мкд = 21.672.00 мкд

Вкупно бруто: 142.070,00 мкд

Вкупно придонеси: 49.129,00 мкд

Нето за исплата: 92.941,00 мкд

Според податоците објавени на владиниот веб сајт, премиерот Димитар Ковачевски зема плата од 88.260 денари со 23 години стаж. По него следи министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски со плата од 86.324 денари, но во неговата плата се пресметани и 20 отсто за извршување на функцијата. Вицепремиерите земаат плата од околу 69 илјади до 73 илјади, во зависност од вкупниот работен стаж. Од останатите министри, најниска плата од речиси 66 илјади денари има министерот за животна средина Насер Нуредини, оти имал само две години стаж минат труд, а највисока од 76.252 денари има министерот за правда Никола Тупанчески со минат стаж од 34 години.

Претседателот на државата и премиерот со своите плати може да наполнат речиси две потрошувачки кошници што ги пресметува Сојузот на синдикатите (ССМ). Потрошувачката кошница за едно четиричлено семејство за октомври, според ССМ изнесува 51.514 денари, што значи дека се потреби речиси три минимални плати од 18 илјади денари за да се задоволат основните потреби на едно семејство.

Поголема плата од премиерската и од претседателската земаат на пример директорот на Акционерското друштво за станбен и деловен простор (ПУИК), на Агенцијата за цивилно воздухопловство, Агенцијата за електронски комуникации (АЕК), на регулаторните тела, на ЕСМ, на МЕПСО… Најголемите плати се во фирмите кои се во државна сопственост, но не се буџетски, односно се финансираат од својата дејност.

Професор Борче Давитковски од Правниот факултет, кој учествувал во подготовка на многу стратегии во полето на администрацијата, за РСЕ вели дека платите на директорите на регулаторните тела и на агенциите не може да се менуваат оти се според меѓународни регулативи. Тие компании добиваат пари и од други извори, како на пример издавање на концесии или лиценции.

„Проблемот кај нас е што наместо тие пари да ги инвестираат за развој на нивната дејност, ги делат за плати“, вели Давитковски.

Директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски и првиот човек на МЕПСО, Орхан Муртезани имаат плата од по 1700 евра. Муртезани претходно беше и директор на Железници. Високи плати земаат и директорите на М-НАВ, но тие реагираа дека не земаат плати од Буџетот, туку се финансираат од парите што ги добиваат од Еуроконтрол.

Директорот на Фондот за индустриски и технолошки развој има плата од 1000 евра. Директор на Македонска банка за обнова и развој, месечно зема над 2.500 евра плата. Директорот на АЕК има над 2.000 евра месечно, директор на Агенцијата за цивилно воздухопловство 3.300 евра месечно, директорот на ПУИК е со месечна плата од 1700 евра, објави опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, во аферата наречена „Паразити“.

Поголеми плати од министерските земаат директорите на Македонски железници, државна фирма загубар. Според ВМРО-ДПМНЕ, седумте директори на Железници имаат плати над 70 илјади денари. Директорите ангажирале и петмина советници кои земаат плати над 60 илјади денари. Фирмата пак должи 67 милиони евра.

Izvor: Zoom MK

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...