5.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаСкопјани ќе се возат со бугарски автобуси, дали ова беше договоредно предхоно...

Скопјани ќе се возат со бугарски автобуси, дали ова беше договоредно предхоно и кој стои позади ова прашува Стоилковски?!

spot_img

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Наум Стоилковски повторно ги обвини Ковачевски и Арсовска дека договарале бугарски превозник да го преземе приватниот градски превоз во Скопје.

Стоилковски вели:

-Ниту по 48 часа нема одговор од градоначалникот на Град Скопје, Данела Арсовска на поставените прашања. Ниту пак има одговор на хаосот. А, хаосот е наменски, затоа Арсовска не одговара.

Дали во Македонија веќе се пристигнати автобусите од фирма блиску до Софија, за да го земат местото како единствен приватен превоз во Скопје, како резултат на инсистирање на Ковачевски на тајната средба со Арсовска?

Дали хаосот во Скопје е предизвикан за тргање на досегашните приватни превозници за договор од тајната средба превозот во Скопје да го преземе фирма приватна од Бугарија, блиску до Софија за која инсистира владата на Ковачевски?

Дали сметководителот од Ѓорче Петров од заднина управува со ЈСП за провизии, но и дали нема попуст од милионскиот договор за нафта за ЈСП со фирма на пратеник од власта, затоа што има провизии договорени да завршат во приватни џебови, наместо да се плати долгот?

Дали зад сите матни зделки на Град Скопје стои Драги Митковски познат како Драги Книга, а заедно со него во договарањето на провизиите дали е и близок роднина на Данела Арсовска?

Почитувани,

Блокадите, урнисувањето на Скопје, урнисувањето на буџетот, на вработените, хаосот во Скопје има причина, а тоа е договорот од тајните средби на Данела Арсовска со Димитар Ковачевски. Арсовска, со директорите од СДС, од ДУИ и од Левица предизвикаа целосен хаос во Скопје! Дуото Ковачевски – Арсовска се асови на бугарскиот бизнис и политика во Македонија.

Стотици луѓе немаат леб на маса, претпријатијата тонат во долгови, градот тоне во хаос, ама затоа има огромни провизии и договори!

Скопје не може да издржи уште еден криминоген и неспособен градоначалник!

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...