6.9 C
Ohrid
недела, февруари 23, 2025
ПочетнаМакедонија600 милиони евра не стигнаа, па сега ќе треба уште пари за...

600 милиони евра не стигнаа, па сега ќе треба уште пари за автопатот Кичево- Охрид

spot_img

Јавното претпријатие за државни патишта во следниот период ќе се задолжи со над 4 милиони денари. Средствата како што дознава „Фактор“ ќе се користат за експропријација на земјиште за изградба на автопатот кон Охрид. За оваа цел, тие добија банкарска гаранција од Владата, со што се создаваат можности ова јавно претпријатие да ја оствари зацртаната цел, односно преку процес на експропријација да создаде услови за комплетирење на автопатот.

<

Владата на 1 декември донесе одлука со која се дава согласност „за задолжување заради издавање на банкарска гаранција за потребите на постапката за експропријација за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид донесена од Управниот одбор на Јавното претпријатие за државни патишта на седницата одржана на 28.11.2022 година“.

Од ЈП Државни патишта за „Фактор“ велат дека банкарската гаранција ќе биде издадена на вредност од 4.138.922 денари, или околу 67 илјади евра.

– Банкарската гаранција се издава исклучиво за експропријацијата. Јавното претпријатие согласно Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација, одржување и заштита на државните патишта за 2022 година за експропријација има обезбедено парични средства во висина од 200.000.000 денари – појаснуваат од ЈП за државни патишта.

Од таму додаваат дека за експропријацијата за изградба на Автопат А2, делница Кичево-Охрид, за неколку постапки за експропријација за кои имаше донесено Решенија за експропријација, од страна на Управен суд на РСМ истите се поништени поради недоставена Банкарска гаранција согласно со Член 26 од Законот за експропријација.

– И покрај обезбедените средства ЈП за овие постапки треба да достави Банкарска гаранција за да се заврши постапката за експропријација за решенијата кои се поништени од страна на Управен суд. Банката издава банкарска гаранција која претставуваат вонбилансно задолжување на Јавното претпријатие и истата преставува кредитен производ по дефиниција. Самата гаранција гарантира “исплата на износот на обврската до наведениот износ во гаранцијата” доколку Барателот на гаранцијата не ги исполни превземените обврски – објаснуваат од ЈП Државни патишта.

Од претпријатието додаваат дека во случај на активирање на гаранцијата поради неисполнување на преземените обврски, Банката го плаќа гарантираниот износ на Корисникот и за истиот го задолжува Барателот на гаранцијата во вид на кредитно задолжување кое е веднаш достасано парично побарување.

Поради тоа, потребна е Одлука за задолжување по основ на Гаранција која во моментот на издавање и за целовреметраење не претставува билансно задолжување, но може да стане доколку се активира од Корисникот – прецизираат од ЈП Државни патишта.

Очекувањата се дека деловната банка ќе ја издаде банкарската гаранција за неколку работни дена, откако ќе завршат сите процедури, а според вработените во јавното претпријатие со издадена банкарска гаранција ќе се овозможи побрзо да се завршат постапките за експропријација каде се поништени решенијата од страна на Управниот суд.

Автопатот Кичево Охрид, долг 57 километри, според првичните проценцки требаше да чини 374 милиони евра, но цената по многубројните дополнителни анекси достигна речиси 600 милиони евра.

Оваа делница, согласно последните најави на државните институции треба да биде компалетирана следната година, владини претпставници дури најавуваат пенали доколку рокот повторно се пробие.

П.О.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...