14.9 C
Ohrid
сабота, јули 19, 2025
ПочетнаМакедонијаПратениците не сакаа по скратена постапка да изгласаат 160 денари за студентски...

Пратениците не сакаа по скратена постапка да изгласаат 160 денари за студентски оброк

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Собранието на денешната седница не го усвои предлогот на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носи предлог-законот за изменување на Законот за субвенциониран студентски оброк. Со овој предлог, пратениците бараат износот на субвенција за студентскиот оброк да се зголеми од 120 на 160 денари.

<

Пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојановски рече дека тие нудат конкретно решение, и оти средства во Буџетот има. Тој ги повика пратениците веднаш да ја изгласаат потребата преку собраниските комисии да се изгласа законско решение со кое до крајот на годината наместо 120, студентите ќе добијат 160 денари за студентски оброк.

Скоро еден месец подоцна од театрите во Собранието, нема скоро ништо од она што го ветуваа дека ќе се исполни. Што добија студентите еден месец подоцна? Не ги лажете луѓето, децата не ги носете по увиди, станете сериозни и почнете да прифаќате законски решенија со кои ќе им помогнете на студентите, рече Стојановски.
Собранието на денешната седница ја утврди потребата по скратена постапка да се донесат неколку закони предложени од Владата, меѓу кои законите за извршување на буџетот за 2023 и предлог-законот за дополнување на законот за концесии и јавно-приватно партнерство и ги задолжи матичните комисии да расправаат по предлозите.

На седницата, Собранието усвои по скратена постапка да се носат и предлог-законот за гаранција на Република Македонија на обврските по Финансискиот договор за заем на Развојната банка на Македонија АД Скопје за мали и средни претпријатија, средно пазарно капитализирани претпријатија и зелена транзиција, кој ќе се склучи меѓу Европската инвестициона банка и Развојната банка на Македонија АД Скопје, предлог-законите за изменување и дополнување на Законот за данокот на личен доход, на Законот за данокот на добивка, на Законот за данокот на додадена вредност, и предлог-законот за дополнување на Законот за патните исправи на државјаните на Република Македонија…

Собранието, не ги усвои ниту предлозите на дел од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка да се носат предлог-законите за дополнување на Законот за враќање на дел од данокот на додадена вредност на физичките лица и за дополнување и изменување на Законот за данокот на додадена вредност.
Republika.online

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гест за почит: Скопски таксист не му наплати на Јанко – „Фала ти за љубовта кон Македонија“

Колумбиецот Јанко, кој во последните години стана препознатлив по тоа што пее песни на македонски јазик и со својата харизма ја промовира нашата култура...

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје

Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата,...

Исчезнато 13-годишно девојче е пронајдено кај 33-годишен маж во Џепчиште

Рано утрово во тетовското село Џепчиште, во домот на 33-годишен маж е пронајдено 13-годишно девојче кое мајката претходно го пријавила како исчезнато, соопшти МВР....

Турист од Босна починал на плажа во Охрид.

На 17.07.2025 во 14.25 часот во СВР Охрид е пријавено дека од плажа на брегот на Охридското езеро во Ј.З.У. „Специјална болница за кардио-васкуларни...