19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаМакедонијаДенес 49 дојави за бомби во Македонија- Експертите велат можно е да...

Денес 49 дојави за бомби во Македонија- Експертите велат можно е да се Русите !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Сите 49 дојави за бомби се лажни, соопшти полицијата.

<

Денешниот ден беше рекорден по бројот на дојави за бомби, а сајбер терористите за прв пат си поиграа со малите дечиња во основното образование, пријавувајќи серија закани за бомби врз повеќе основни училишта низ земјава.

„Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите, а потоа се извршени и детални проверки од тимови за антитерористички проверки и утврдено е дека станува збор за лажни пријави“, се вели во соопштението од МВР.
Соддржината на дојавите ужаснува и потсеќа на коментарите кои се пишуваат на твитер и фејсбук од ботовската мрежа која е блиска до опозициски партии
Порталот „Кумановски муабети“ денеска ја објави содржината на пораката со дојава за бомба која утрово пристигнала во девет основни и едно средно училиште во Куманово, а во неа директно се споменуваат премиерот и неговата партија.
Во пораката се вели дека „ќе бидат убиени невини луѓе“, но и дека ќе биде срушена „северномакедонската влада“.

Објавена содржината на заканата за бомба во Куманово: „Убиства се потребни, ќе ја срушиме северномакедонската влада“

Ваквата соддржина потсеќа на коментарите кои се пишуваат на твитер и фејсбук од ботовската мрежа која е блиска до опозициски партии и која е многу видлива на социјалните мрежи. Имено, постои мрежа од стотици профили на твитер и фејсбук кои се закануваат и пишуваат коментари со говор на омраза, против членството на Македонија во НАТО и против членството на земјава во ЕУ. Дел од овие профили се ботови и лажни ликови, дел се надворзуваат на ваквите пораки по пат на спонтаност и еуфорија.

Пријавите за бомби се испраќаат од мејлови преку заштитена VPN врска, ескпертите не исклучуваат руска игра
И покрај тоа што има спорадични случаи на пријавите на бомби, каде се вклучени македонски државјани, експертите велат дека не треба да се исклучи дека бомбите може да потекнуваат од луѓе во Русија кои сакаат да ја дестабилизираат македонската држава, про-европската влада и премиер.
Токму поради ова е потребна посериозна поддршка од меѓународните партнери, особено од САД.

Факт е дека за да се пријавуваат бомбите, дури и тие да се испраќани од странци, некој од тука можеби соработува со сајбер терористите бидејќи ретко кој може да ги собере мејловите од училиштата, а и да знае кога треба, а кога не да се пријавува.

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска повтори дека заканите за поставени бомби најчесто доаѓаат од ВПН-адреси (виртуелни приватни мрежи) од кои не може да се добие една конкретна ИП-адреса од каде е испратена електронската пошта.

Меѓу другото, тој најави дека деновиве треба да се одржи состанок на Советот за координација на разузнавачките служби во земјава, на кој ќе бидат разменети и информации за дојавите за поставени експлозивни направи во училиштата и други објекти кои изминатиот период се случуваат во континуитет.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...