16.4 C
Ohrid
сабота, јули 5, 2025
ПочетнаМакедонијаМакедонија е единствена земја во НАТО каде осомничен води истрага за самиот...

Македонија е единствена земја во НАТО каде осомничен води истрага за самиот себе си

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Случајот „Онишченко“ ќе го коментираме кога ќе заврши истрагата на надлежната институција, изјави завчера премиерот Димитар Ковачевски, одговарајќи на новинарски прашања за случајот во кој иако биле предупредени 9 од десет инстанци на проверка во АНБ дале зелено светло за рускиот шпион Александар Онишченко да добие македонски пасош.

<

Она што Ковачевски не го кажа во изјавата е дека истрагата за која тој зборува се води во АНБ и тоа под контрола на новиот шеф на Агенцијата за национална безбедност Зарко Милошески кој и самиот е меѓу осомничените дека спротивно на законот и процедурите дозволил издавање макеоднски пасош на човек на руската тајна служба.

Со оглед на тоа што во моментов во АНБ нема шеф на секторот за внатрешна контрола кој треба да ја спроведе истрагата за случајот и да ги потпише резултатите од неа, истата ќе се води под контрола на новиот директор Милошески.

Со тоа Македонија станува единствена земја во НАТО и ЕУ каде се води сериозна истрага во тајна служба а еден од главните осомничени има директна контрола врз истрагата и резултатите од неа.

Со тоа целосно се урива системот на контрола и надзор врз тајните служби кој важи за сите членки на алијансата и унијата.

Милошески според расположивите информации како овластено лице од секторот за проверки во АНБ се потпишал на позитивното мислење за Онишченко иако како и екс директорот Виктор Димовски бил предупреден дека во случајот Онишченко нешто ,,смрди”.

Еден од десетте луѓе кои го проверувале рускиот шпион откако тој побарал македонски пасош предупредил дека Онишченко е спорен од безбедносен аспект и дека не треба да добие државјанство но од засега непознати причини првите луѓе во АНБ меѓу кои и новиот шеф Милошевски а потоа владата не го послушале.

Речиси невозможно е новиот директор да дозволи истрагата да покаже дека тој е виновник или еден од виновниците за најголемиот скандал во историјата на македонските тајни служби од како сме членка на НАТО.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...

Мицкоски: Размислуваме за воведување нов данок за немажени и неженети

Премиерот Христијан Мицкоски утрово се обрати на дебатата „Демографски трендови, предизвици и можни решенија“, што се одржа во Владата, при што нагласи дека Македонија...