16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонијаПолиција го најде „мерцедесот“, трага по возачот кој на пешачки прегази мајка...

Полиција го најде „мерцедесот“, трага по возачот кој на пешачки прегази мајка и дете во Велес

Девојчето загинало на самото место, а мајката имала отворена рана на главата и повреда на потколеницата. Утрово, таа била испратена на домашно лекување

Велешката полиција го пронајде возилото „мерцедес“ со велешки регистарски таблички, а сè уште трага по 29-годишниот А.Н. кој е осомничен дека доцна синоќа околу 22:15 часот на пешачки премин во Велес удри во мајка и дете при што 11-годишното девојче загина.

Портпаролот на СВР Велес, Ристе Самарџиев, за синоќешната сообраќајка појаснува дека девојчето починало на самото место, а потоа смртта ја констатирал лекар од Итна медицинска помош.

Мајката (43), пак, се здобила со тешки повреди. Како што информираше портпаролката на велешката болница, докторката Елена Левкова-Ќулумова за МИА, мајката имала отворена рана на глава и повреда на потколеница. Повредите биле санирани, а утрово била испратена на домашно лекување.

Сообраќајката се случила на улицата „Борис Трајковски“ во Велес. Мајката и ќерката, според првичните сознанија на велешкото обвинителство, преминувале на пешачки премин. Кога биле на крајот од преминот, пред да се качат на тротоарот, со голема брзина наишло возилото и удрило во нив. Од ударот, девојчето било исфрлено дури до наредниот пешачки премин на улицата кај училиштето „Васил Главинов“.

За возачот, од велешкото обвинителство соопштија дека по сообраќајката воопшто не застанал туку напротив со голема брзина избегал.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...