23.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаЗатвореници од струшкиот затвор ја затвориле ќелијата и заминале на работа, управата...

Затвореници од струшкиот затвор ја затвориле ќелијата и заминале на работа, управата немала резервен клуч!?

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

На затворени ќелии неодамна наишол тимот на Хелсиншкиот комитет и Здружението на млади правници во затворот во Струга.

<

Нивниот тим требало да изврши мониторинг на условите, но една од ќелиите била заклучена.

-На мониторинг тимот не му беше дозволено да види една од собите на осудени лица кои беа излезени на работа на фирма. Иако на заменик- директорот му беше предочено дека тимот има дозвола за непречен пристап до сите простории од страна на Управата, заменик-директорот информира дека на осудените лица им е дозволено да си го земат со себе клучот од собата, а вработените во установата немаат резервен клуч, се наведува во извештајот на Хелсиншкиот комитет, објавен на 6 декември.

Од Хелсиншкиот комитет велат дека не можат да откријат кои осуденици биле сместени во ќелијата која била заклучена, но дале препораки дека не смее на овој начин да се ограничува влезот на претставниците на граѓанскиот сектор.

-КПУ Струга не смее да ограничи влез во простории на претставници од граѓански сектор кои имаат дозвола од страна на Управата за извршување на санкции за влез во сите простории во казненопоправните установи и разговор со осудените лица.

КПУ Струга не смее да дозволи осудените лица кои работат надвор од установата да имаат клуч од собата, а установата да не располага со резервен клуч, се наведува во препораките.

За време на посетата која била извршена кон крајот на јули во затворот беше сместен и бизнисменот Орце Камчев, како и Зоран Милевски -Кичеец, а подоцна беа спроведени и Сашо Мијалков и Ненад Јосифовиќ.

Засега не е јасно дали оваа пракса и понатаму се спроведува во затворот во Струга, односно дали додека и екс директорот на УБК, Мијалков, е на работа, ја заклучува ќелијата и никој не смее да влезе во неа.
Извор: Фокус

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината.

По цели 10 години поминати во Австралија, Ненад и Мариа Стојменови решија да го напуштат Мелбурн и да се вратат во татковината. Нивната нова...

Стојанче Ангелов: Најдов двајца пилоти, од есен ќе започнат со обука

Директорот на Агенцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, во емисијата „Трилинг“ реферираше дека сите три противпожарни авиони ер-трактори се во функција, со тоа...

Андоновски: Доаѓа крај на хартиените документи – возачка и лична карта сè на мобилен телефон

На Самитот за дигитализација на Западен Балкан, што ќе се одржи на 1 и 2 октомври во Скопје, официјално ќе биде претставена македонската апликација...