17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаНајголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година...

Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Најголемиот туристички центар во државава ќе има дочек за Нова Година како што заслужува. Новогодишната програма започнува на 31 декември. На градскиот плоштад „Св. Климент Охридски“ точно напладне ќе настапи хорот при КУД „Гердан“ ,а од 13 до 15 часот на истата сцена ќе се одржи новогодишната театарска претстава „Дружината на Дедо Мраз“ и мјузиклот „Трите прасиња“.

<

Вечерта со почеток во 20:00 часот на плоштадот ќе настапат естрадните уметници Петар Нечески, Татјана Стефаноска, Ѓоко Танески, Ефто Пупиноски, Миле Кузманоски и Диџеите Багзи и Јана Slayy. Со овие наши ѕвезди и живи легенди ќе ја дочекаме и ќе си посакаме среќна 2023 година

Новогодишната програма во Охрид продолжува на 1-ви јануари точно напладне со настап на Марија Савеска и групата „Камелеон“ на градскиот плоштад. Очекувам интерес да привлече проектот „И повторно Евергрин“ кој ќе го изведат Лидија Кочоска – Вокал, Влатко Груевски – Вокал и Андреа Наунов – Пијано и Вокал.

Очекуваме бројни туристи од земјава и странство и она што можам да ветам е весел и незаборавен дочек за 2023 година на градскиот плоштад во Охрид. Ги поканувам сите сограѓани и добро намерници да бидат дел од оваа убава новогодишна забава во нашиот прекрасен град.

За Новогодишните празници од буџетот на општината се издвоени околу 2 милиони денари.

Општината исто така ќе се погрижи и за организација на забавниот дел за Богојавленските празници. Она што во моментов е потврдено е дека по чинот на осветувањето и фрлањето на светиот крст во езерските води на 19-ти јануари на плоштадот Св. Климент Охридски ќе настапи групата Чалгија SOUND SYSTEM. За останатите детали околу Богојавленските празнувања ќе бидете информирани дополнително по одржување на состанокот на Координативното тело кое се организира за оваа најмасовна црковно – културна манифестација во земјава.

И за овој зимски празник очекуваме бројни туристи од земјава и странство и упатуваме отворена покана до сите да бидат дел од овој прекрасен настан

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...