17.9 C
Ohrid
недела, јули 27, 2025
ПочетнаМакедонијаСудот згрешил: Никој од вработените во затворот во Струга не бил виновен...

Судот згрешил: Никој од вработените во затворот во Струга не бил виновен !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД „Струга“.

<

Управата за извршување на санкции соопшти дека извршила вонреден надзор во Казнено-поправниот дом „Струга“ и утврдила дека не постои одговорност кај ниту едно лице од оваа установа за грешката што ја сторил Основниот кривичен суд Скопје во обидот да го обезбеди присуството на Сашо Мијалков на судското рочиште за кривичниот предмет “Титаник 2“.

Ова е соопштението во целост:

Управата за извршување на санкциите на ден 23.12.2022 година го спроведе претходно најавениот вондреден надзор во Казнено-поправниот дом од отворен вид во Струга, со цел да се проверат околностите поради кои на ден 22.12.2022 година осуденото лице С.М не беше спроведено во Основниот кривичен суд во Скопје на главна расправа по кривичниот предмет „Титаник 2“.

Во текот на надзорот се утврди дека од Основниот кривичен суд Скопје на ден 14.12.2022 година во КПД Струга е добиено барање заведено под V КОК.бр.7/20 со датум од 23.11.2022 година со кое судот побарал обвинетиот во предметот С.М да биде спроведен на расправа на ден 12.12.2022 година во 10 часот. Барањето во затворот е заведено со приемен печат на 14.12.2022 година.

Со оглед дека се утврдило дека овој акт е ист со претходно доставениот за расправата која била на 23.11.2022 година закажана за 12.12.2022 година, заклучено е дека веројатно се работи за грешка, особено поради фактот што ни судот не ја воочил грешката и не доставил исправка на овој акт.

Имајќи предвид дека КПД „Струга“ претходно постапувал уредно на сите судски барања, а во овој случај не се работи за погрешно постапување, туку за превид на судските служби, Управата за извршување на санкциите не смета дека постои одговорност кај било кој вработен во КПД Струга.

Воедно е разговарано и со осуденото лице С.М. за настанатата ситуација. Одговорните во КПД „Струга“ денес по електронска пошта се известени за следната закажана судска расправа на 26.12.2022 година и спроводот на осудениот е веќе планиран“.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Запалени скакулци предизвикуваат пожари околу Штип, велат од Национални шуми

Пожарот што попладнево повторно се разгоре на планината Серта меѓу Селце и Драгоево донесе редок и застрашувачки феномен: инсекти што буквално носат оган во себе....

Повеќе од 150 војници вклучени во гаснењето на пожарите

Над 150 армиски припадници и денес беа вклучени во гаснење на пожарите кои зафатија дел од територијата на државата. Во координација со ЦУК и другите...

Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато

ТРАГИЧЕН КРАЈ НА ПОТРАГАТА: Исчезнато лице од Неготино пронајдено починато Денеска (27.07.2025) во 08.00 часот во Полициската станица Неготино било пријавено дека на Куријски пат...

Мицкоски, Деребан и пратеникот Јаулоски во Лабуништа, поддршка и разговори за идни проекти

Премиерот Христијан Мицкоски, заменик-министерот за правда Ален Деребан и пратеникот Јован Јаулоски остварија посета на пријателска Лабуништа. Во срцева атмосфера разговараа со мештаните за...