-1.1 C
Ohrid
недела, декември 22, 2024
ПочетнаЗабаваПоштарите некогаш носеа честитки, денес само сметки

Поштарите некогаш носеа честитки, денес само сметки

spot_img

На самиот почеток на месец декември, сакале или не,
новогодишната еуфорија полека нè обзема. Започнуваме да планираме како, каде, со кого за новогодишната ноќ, дома, во семејна атмосфера, на забава во ресторан или пак ќе си го исполниме патувањето што одамна сме го посакувале. Ова е само дел од нашите мисли за, како што ја нарекуваме, најлудата ноќ во годината. Покрај ова, продавниците мамат со разнобојните украси и декорации за домот и дворовите. Се продаваат разни светлечки украси, сјајни лампиони и елки во разни големини.

Секоја година истата „треска“ што трае се до 31 декември до полноќ и по два три дена лудување, животот се враќа во нормала. Но, за друго ми беше муабетов, она на кое што сме навикнати за овој период од годината и она што некогаш беше главното обележје за новогодишните празници, сега заминува во заборав.

Дали се сеќавате на времето кога пишувавме новогодишни честитки, кога навечер, ќе се собереме сите на маса, со пенкала или молив во рака, со куп најразлични честитки кои ги купувавме најчесто на тезгите на плоштад, или пак во книжарница или пошта. Со денови, пишувавме и мислевме, правевме список кому ќе испратиме честитка, да не заборавиме некого, па одевме на тезга и ги купувавме со посебен жар во душата. Купувавме за нашите школски другарчиња, полека и внимателно ги избиравме за секое дете, сакавме да го погодиме неговиот вкус, да биде задоволно и среќно што ете сме го испочитувале за овој празник. Сега тоа време е минато.

Ако некој сака да најде ваква новогодишна честитка сега ќе треба да се потруди малку повеќе. Вчера шетајќи низ град, случајно на каса во еден маркет видов дека се продаваат вакви новогодишни честитки. Беа преубави, со Дедо Мраз, санки, елени, снег, лампиони кои ме вратија во раното мое детство. Се заинтересирав која е цената за нив, љубезната продавачка се насмевна и ми кажа само 20 денари, но за жал, како што рече, нема интерес за нив. „Дневно продаваме по една до две новогодишни честитки а некогаш и ниедна“, рече таа. Тоа ме потсети дека луѓето од поодамна се оттргнаа од овој обичај, веројатно многу полесно е да се запамти нечиј мејл на компјутер или пак број на мобилен отколку да се информираат за домашната адреса на роднините и пријателите, па плус и чекање на шалтер во пошта.

Се сеќавам дека пред некоја година разговарав со еден мој сосед, поштар, кој разочаран раскажуваше за губење на традицијата за праќање новогодишни честитки.

„Во минатото, со вреќи на грб полни со честитки одевме по град и село, го посетувавме секое сокаче, секој двор, секаде имаше да се достави честитка. Иако вреќите беа тешки сепак за нас тоа не беше проблем, зашто насмевката на детето кое кога ќе ја отвори вратата и ќе ја земе новогодишната честитка во раце, нема цена. Носевме и се радувавме заедно со нив“, раскажува тој со носталгија.

Денес новогодишните празници се честитаат со испраќање смс порака на мобилен, групна честитка на социјалните мрежи или пак преку мејл. Само што ќе се поклопат стрелките на часовникот точно на полноќ, почнува новогодишната треска на честитање, се честита со една преземена честитка од интернет што се препраќа на знајни и незнајни или пак истата која ја примиле од некој познајник. Ова е редовна појава секоја Нова година, па и други празници кои ги славиме.

И јас веќе не пишувам новогодишни честитки, зашто знам дека би изгледало малку чудно кога некому би му пратила па можеби и ќе се двоуми дали и тој треба на истиот начин да ми врати. На моите блиски, семејството, пријатели и роднини празниците им ги честитам со јавување преку телефон, ги знам сите напамет по ред, да им се јавам и да им посакам најубави желби за новата година. Испраќам и честитки преку социјалните мрежи, на познаници и пријатели. Ама сепак ми навираат сеќавањата на убавото чувство кога ќе ја земеш честитката во рака и ќе ги прочиташ желбите на твоите најблиски, од срце, со рака напишано од душа смислено и наменето само за тебе. Мојот град е украсен за празниците, можеби и еден од најубаво украсените во државата, блескаат излозите на продавниците ама сепак нешто недостига, не гледам тезги со новогодишни честитки. А и сама себеси се прашувам, кому и кога последен пат пратив или примив честитка?

Еуфоријата на чекање на „чичко поштар“ да ни донесе честитка, ѕиркање низ прозорец, да зазвони ѕвончето, а студената рака да ни ја подаде очекуваната честитка, е она на кое се сеќаваме сите ние. И додека тогаш поштарите носеа новогодишни честитки, денес тие носат само сметки.

Билјана Наумова Тошевски
: Извор-Бриф.Мк

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Тик Ток веднаш изреагира за забраната: Во Албанија одлучуваат Албанците, вели Еди Рама !!

По информациите дека кинеската интернет компанија БајтДенс, во чија сопственост е платформата Тик Ток, ќе побара „итно појаснување од албанската влада“ во врска со...

Горан Пандев назначен за спортски директор на македонските репрезентации

Македонската фудбалска легенда, Горан Пандев е назначен за спортски директор на сите македонски репрезентативни селекции. - Илија Најдоски, еден од великаните на македонскиот фудбал, заедно со...

Баба од Скопје го тепала внукот со тврд предмет.

Во полициска станица во Скопје од 25-годишна жена било пријавено дека во семејниот дом кој се наоѓал на подрачјето на Бит Пазар нејзинот малолетен...

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид

„Петардите не се играчка“, превентивна активност на СВР Охрид Вчера (21.12.2024 ) полициски службеници од Отсекот за превенција при СВР Охрид и волонтерите од Црвениот...