6.8 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаБеким Мемети, со пресечена рака и врзан со лисици, не еднаш туку...

Беким Мемети, со пресечена рака и врзан со лисици, не еднаш туку два пати пукал во комбето.

spot_img

Истрагата се проширува, но она што ги вчудовидува обвинителите се најновите сознанија. Беким Мемети не само што ја отворил футролата и го грабнал пиштолот на затворскиот чувар, успеал со врзани дланки да испука не еден туку два куршуми, и од рикошет да го рани возачот во стомак.

Но, што навистина се случило во комбето кое со 4-ца затворски чувари, а со наредба од командирот Срѓан Димитријевски и без придружба се упатило кон клинички е непознат дел за истрагата.

Во првичните изјави, 5- мината затворски чувари негирале дека се здружиле и му помогнале на Мемети да избега, велат извори од истрагата за Телма. Осомничените, прашани зошто во ниту еден момент не реагирале кога врзан човек молскавично ги совладал и застрашил се бранеле дека се исплашиле и затоа не реагирале.

Сепак, надлежното обвинителтсво за организиран криминал одбива да верува на изјавите на чуварите и собира докази во насока дека оваа чуварска смена се договорила и пружила помош на опасниот осуденик да избега.

Наместо брза помош, началникот Димитријевски дал наредба, без придружба да се возат кон клинички, за расекотина на раката која Мемети сам си ја нанел. Мемети седел на на клупата до нив наместо во задниот затворен дел на комбето.

Од истрагата уверуваат дека за ова кривично дело имаат докази, но сега се собираат за тоа дека овие полицјајци биле дебело искеширани од Мемети.

Па, така наместо заканата од 5 години, оваа група ќе се соочи со кривично дело поткуп, и со нови 10 години затвор.

Обвинителите очекуваат да дојдат до докази и за други лица вклучени во филмското бегство со што истрагата би се проширила.

Се вршат распити, се прегледува видео надзорот во затворскиот комплекс.

МВР, пак, работи на потешката задача да го лоцира и одново фати серискиот бегалец од македонските затвори Беким Мемети.

Тој, по инцидентот во комбето влета во сиво ауди и му се губи трагата која засега неофицијално води кон соседно Косово. Но, едно со сигурност е

познато на истрагата.

Мемети со шверцот на марихуана се стекнал со огромно богатство во Германија, од каде што еднаш веќе е екстрадиран и спроведен во Идризово за убиство и други кривични дела.

Додека, МВР и обвинителите роварат по докази, одговорните за затворскиот систем одбиваат да кренат телефон.

И директорот на Идризово и директорот на управата за санкции се недостпани за медиумите.

Но, дали пропустите во системот, давањето доверба во осомничениот началник ќе бидат теми на извршната власт, на потег е владата која го именува и разрешува овој ешалон функционери.

Павле Беловски Телма

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...