27.9 C
Ohrid
сабота, септември 7, 2024
ПочетнаМакедонијаОчевидецот на трагедијата во Тетово: Причина за пожарот не е продолжен кабел

Очевидецот на трагедијата во Тетово: Причина за пожарот не е продолжен кабел

Мумин Исмаили е сведок на трагедијата во модуларната болница во Тетово. Тој не се согласува со вештачењето дека пожарот бил предизвикан од продолжен кабел. Вели дека избувнал од дефибрилаторот кој бил вклучен во струја во соба број 3. Во моментот на несреќата тој бил со својата мајка, која настрадала во катастрофалниот пожар.

„Во собата во која избувна пожарот беше мојата мајка и една 21-годишна Македонка, Марија. Таа беше со ментална попреченост и таа ноќ состојбата на Марија се влоши. Потоа, лекарите донесоа дефибрилатор за срце за да ја реанимираат, и кога го поставија апаратот на нејзиното тело, тогаш почна пожарот. Иако излегоа германски експерти и рекоа дека причина за пожарот е продолжен кабел, тоа не е вистина. Јас бев во собата, дефибрилаторот на беше приклучен на продолжен кабел, иако во собата имаше два, а не еден продолжен. Дефибрилаторот беше поставен…. на пример единица беше Марија, вториот кревет беше празен, на третиот беше сместена мајка ми. Дефибрилаторот беше кај креветот број два, директно во штекер, немаше продолжен кабел. Кабли имаше во собата како што открија вештаците, но дефибрилаторот не беше приклучен на продолжен кабел. Пламенот почна кога пукна дефибрилаторот. Пожарот почна од тука“, вели очевидецот Мумин Исмаили.

Исмаили раскажува како постапил во моментот кога во соба број 3 избувнал пожар и како се трудел да ја спаси мајка си за која се грижел 28 дена.

„Кога ја земав мајка ми од креветот за да излезе надвор, бидејќи вратата од соба 3 ми беше на 2 метри од вратата за излез надвор, првиот лекар ми рече да ја внесам во соба бр.2… мајка ми не изгоре во 3-ка, туку во соба 2. Кога влегов во 2-ката, имаше еден слободен кревет, имаше 5 пациенти и ја легнав мајка ми на слободниот кревет, но кај слободниот кревет немаше апарат за кислород, бидејќи обично пациентите ги земаат, и за мајка ми немаше. Му реков на брат ми да донесе еден апарат. Во тој момент, ако видовте, снема струја, стана темно и избувна пожар. Му благодарам на Бога што сум жив, ама знаете ли како останав жив? Со молитвите на мајка ми! Секое парче леб и го ставав во уста, а таа ми велеше – душо моја, се грижиш за мене, Господ да те благослови! Јас во собите видов луѓе како горат, а јас како што гледате жив и здрав сум. Имав повреди, но добар сум“, додава Исмаили.<iframe width=”602″ height=”339″ src=”https://www.youtube.com/embed/n8xVB5qh6qs” title=”Очевидец на трагедијата во Тетово вели дека пожарот избувнал од дефибрилатор” frameborder=”0″ allow=”accelerometer; autoplay; clipboard-write; encrypted-media; gyroscope; picture-in-picture” allowfullscreen></iframe>

spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гаши: Албанскиот мора да биде еднаков со македонскиот!

Собранискиот претседател Африм Гаши вели дека албанскиот јазик мора да биде еднаков со македонскиот. Како што вели, ако Уставниот суд правилно ги прочита Законот и...

Таеквондо тренерот Борче Костовски ја доби наградата „8 Септември“ за животно дело во областа на спортот.

Спортскиот работник, тренер и претседател на Таеквондо федерацијата на Македонија, Борче Костовски е добитник на годинашната награда за животно дело „8 Септември“. Најголемиот успех...

Зоки Фаци ја носи Македонија на Мис Универзум во Мексико: Се бара најубавата Македонка!

Оваа година Македонија ќе учествува во престижниот избор за Мис на универзумот („Miss Universe“), со гала вечерта на која ќе се избере македонскиот претставник...

Додека Скопје тоне во проблеми, Арсовска го враќа Ќосето на кружен тек

Градоначалничката Данела Арсовска преку ЈП Улици и патишта го врати спомен обележјето на Андон Лазов Јанев, познат како Ќосето или Касапот. Ваквиот потег на...