14.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаАхмети: Пред 119 години патот до слободата започна од Крушево

Ахмети: Пред 119 години патот до слободата започна од Крушево

spot_imgspot_img

Претседателот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети, денеска упати честитка по повод празникот Илинден, нагласувајќи ја важноста на, како што напиша во објава на Фејсбук, заедничкото востание од 1903 година кое ги обедини граѓаните на земјата околу виталните каузи за слобода, еднаквост и мир.

Ахмети потсети на 119 годишното патување на земјата низ предизвици од Крушево до денес и оцени дека станавме пример за создавање мир и остануваме решени да го надминеме следниот предизвик, интеграцијата во Европската Унија.-Пред 119 години, патот до слободата ќе започне од Крушево, долго, но триумфално патување, предизвик по предизвик, благодарение на подготвеноста на многу генерации на ова подземје да застанат заедно околу вредностите на слободата, еднаквоста и мирот.

Инспирирани од тоа заедничко востание во 1903 година, заедно не дозволивме наша општествена декаденција, ги поразивме идеологиите на поделби една по друга во дискриминаторските системи, за да ги изградиме со Охридскиот договор темелите на еднаквоста како што доликува на една демократска земја и како што почнавме пред 119 години.

Сега, благодарение на сите тие храбри процеси низ кои поминавме, ние сме земја членка на НАТО, пример за мировни процеси и решени заедно да го продолжиме ова вековно патување на победите кон интеграција на земјата во Европската Унија. Честит празник на сите граѓани на државата!“, напиша Ахмети.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...