30.9 C
Ohrid
четврток, јули 24, 2025
ПочетнаМакедонијаСтруга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомните кучиња

Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомните кучиња

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Општина Струга изработи проект за изградба на прифатилиште за бездомни кучиња. Градоначалникот сега бара помош од Владата да помогне во реализацијата , преку заеднички средства или од ИПА фондовите.

<

Мерко вели општините немаат капацитет сами да се справат со проблемот со бездомните животни. Потребни се итни измени во законот, грижата да ја преземе Агенцијата за храна и ветеринарство, а општините финансиски да партиципираат.

Ние веќе поднесовме барање за измена на законот за заштита на животните, со тоа што апелираме до централната власт оваа обврска се решава само институционално преку институции на централната власт односно АХВ“ , вели градоначалникот Рамис Мерко.

Истовремено градоначалникот апелира до организациите за заштита на животните посериозно да се позанимаваат со оваа проблематика, не само да се грижат за кучињата, туку и да иницираат заштита на луѓето, следење на луѓето кои ги растоваруват кучињата во нашиот град и нивно пријавување до надлежните институции.

-„На пошироката струшка јавност добро и е познато ова прашање и сите сме свесни колку каснувања предизвикале овие кучиња, колку страв сеат, особено кога станува збор за деца, жени и постари лица или други беспомошни лица. Наш приоритет секогаш ќе остане безбедноста и здравјето на нашите граѓани, но и заштитата и зачувувањето на животните“, рече Мерко.

Општина Струга во буџетот за 2023 година издвои 10 000 евра за стерилизација кастрација и обележување на бездомните кучиња. За оваа намена во тек е тендер за избор на фирма.

ohridnet

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На 71-годишна возраст почина легендарниот борач Халк Хоган

Халк Хоган, една од најголемите ѕвезди во историјата на професионалниот кеч и човекот кој ја претвори Светската федерација за кеч (World Wrestling Entertainment) во...

Во спомен на починатата сопруга, музичарот Мики и оваа година ќе доделува бесплатни ранци и школски прибор за ранливите категории во Македонија.

Кавадаречкиот музичар Мики Тралала и годинава, по вторпат пред почетокот на училишната година ќе израдува голем број на деца – ученици од социјално загрозени...

Се бараат 300 невработени да се грижат за стари, но и асистенти за деца за плата од 28.000 денари

Министерот за економија и труд Бесар Дурмиши ја презентира новата мерка од оперативниот план за 2025 година – програмата „Општинско корисна работа“, со која...

Протоколарна средба на градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери.

Протоколарна средба остварија, денес, градоначалникот Кирил Пецаков и Амбасадорот на Италија Н.Е. Паоло Палминтери. Соговорниците на средбата разговараа за унапредување на меѓусебната...