7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаГолем скандал ја тресе Македонија во екот на СП- Нашите најдобри судии...

Голем скандал ја тресе Македонија во екот на СП- Нашите најдобри судии осомничени за местење натпревари„

spot_img

Голем скандал го тресе светскиот ракомет, откако „Спортрадар“ објави информација дека неколку врвни судии во овој спорт, учествувале во местење на натпревари. Дел од нив судат и на актуелниот Мундијал во Шведска и во Полска, а во овој скандал се споменуваат и македонските арбитри Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, пренесува спортскиот портал ЕКИПА.

Покрај Начевски и Николов, на листата на „осомничени“ се уште и Матија Губица и Борис Милошевиќ од Хрватска. Во 26 натпревари кои се истражувале, учествувале осум судиски парови. Останатите судии не се откриваат.

Во текстот на „Спортрадар“ стои дека 28 натпревари биле наместени во период од две години, од 2016 до 2018 година. Има натпревари и во Лигата на шампионите, а вклучени се врни клубови како Кил, Френсбург од Германија, како и Киелце од Полска, Веспрем од Унгарија.

Начевски и Николов се сомничат за два од 26-те меча кои се под истага. Телевизијата ТВ2 се обидела да ги интервјуира Начевски и Николов кои суделе во Малме, но тие одбиле да коментираат. Губица и Милошевиќ, пак, ги отфрлиле сите обвинувања.

Спортрадар е компанија која ги анализира спортските податоци во обложувалниците, спорските федерации и медиумите. Компанијата има 35 канцеларии во 19 земји низ Светот, вклучувајќи ги градовите Њујорк, Лас Вегас, Лондон, Трондхајм, Минхен, Љубљана, Сиднеј, Сингапур. Нивната база е во Сент Гален во Швајцарија. Тие се официјален провајдер на НБА, МЛБ, Наскар, НХЛ, ФИФА и УЕФА, а има соработка и со меѓународната тениска федерација.

 

Оригиналниот текст може да го прочитате на следниот ЛИНК.

 

 

 

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...