16.9 C
Ohrid
недела, септември 14, 2025
ПочетнаМакедонијаУште еднаш ако крене рака на Бугарин некој ќе остане без раката,...

Уште еднаш ако крене рака на Бугарин некој ќе остане без раката, зошто ќе дојдеме илијадници…

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

И додека тројца шовинисти го претепаа нашиот брат во Охрид, Христијан Пендиков, ние ќе дојдеме илјадници, кој ќе крене рака на Бугарин, ќе остане без раката! Му посакуваме на нашиот брат брзо закрепнување. Денес очекуваме брза и адекватна реакција од Бугарија! Исто така, очекуваме реакција и од бугарското општество! Затоа што Бугарите во Северна Македонија ги претепуваат по улиците! Сакаме Северна Македонија бргу да ги уапси и да подигне обвиненија за тројцата напаѓачи, кои му нанесоа телесни повреди на Христијан – напиша на својот профил Виктор Стојанов, Бугарин кој е основач на Фондацијата Македонија.

<

Фондацијата е основана во април 2021 година, како што е објавено на официјалната страница, од Бугари во Бугарија, Македонија и Албанија, со цел населението во Бугарија и Македонија да биде едно општество во две држави.

На уредничкиот акт на фондацијата, кој е објавен на страницата www.foundationmacedonia.com, појаснето е дека е основана со сума од сто лева, донирани од страна на уредникот Виктор Стојанов.

-Фондација Македонија има за цел да спроведува постојани иницијативи со кои ќе се создадат трајни мостови помеѓу народот во двете држави, во областа на културата, образованието, науката, економијата, спорт, медицина, туризам и сите сфери од општествениот живот. Важно за да се постигне таа цел е фактот што општеството во двете држави беше еден народ до пред неколку децении, и може да има заедничка иднина во секоја сфера на општествениот живот – пишува на страницата на фондацијата.

Фондацијата се најде во центарот на вниманието на јавноста и пред неколку дена, кога на својата страница објави фотографија од Кристијан Стојановски, младо момче од Македонија и јавно му се закани.

-Кристијан Стојановски, тоа е момчето кое стои зад Патриотско друштво – Скопје, Инстаграм страница, која често заплашува Бугари од Северна Македонија. Наскоро ќе си го добие тоа кое си го заслужил – беше наведено во објавата на фондацијата.

За случајот со Христијан Пендиков, од СВР Охрид соопштија дека синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј Македонија. Известен бил јавен обвинител и се преземале мерки за расчистување на случајот, по што ќе следела соодветна пријава.

Вики Клинчарова

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...

Перчо Божиноски носител на листата на ВМРО ДПМНЕ за Советот на Општина Охрид

Перчо Божиноски ( актуелен Претседател на Советот на Општина Охрид ) ќе ја предводи листата за Совет на ВМРО ДПМНЕ на Локалните избори годинава...

Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга

Во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица...

Во Тетово натепан млад механичар.

На 11 септември 2025 година во 18:00 часот, во Полициското одделение Камењане, С.Ф. (20) од село Синичане, тетовско, пријави дека околу 17:00 часот бил...