21.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонија83-годишна бабичка убиена во Струмица- Полицијата трага по убиецот !!!!!

83-годишна бабичка убиена во Струмица- Полицијата трага по убиецот !!!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Жената пронајдена мртва во својот дом на улицата ,,Димитар Цветинов’’ во Струмица не починала од природна смрт туку врз неа имало употребено сила, објавува ТВ 24.

<

Според првичните информации на Основното јавно обвинителство од Струмица таа починала од задушување конкретно била задавена. Случајот ќе го водат како убиство за што веќе е отворена постапка а до МВР веќе биле издадени наредби за собирање на дополнителни докази.

– Кај починатата чие тело беше откриено на 20 јануари во куќа во Струмица се откриени траги кои упатуваат на тоа дека смртта настанала како последица на давење и задушување, како и две скршени ребра. Во куќата нема знаци за насилен влез, но е видливо претурање по лични предмети.Во насока на испитување на настанот, се вршат разговори со сите лица кои би можеле да имаат определени сознанија. – стои во известувањето од Јавното обвинителство…

Безживотното телото на 83 годишната жена беше пронајдено во петокот попладне во семејната куќа од нејзини роднини по што веднаш била повикана брза помош. Увидот на надлежните освен во петокот навечер траеше и во претпладневните часови во саботата, а телото беше предадено на обдукција. Соседите кажаа дека старицата живеела сама. Ја виделе во петокот како се враќала од Црква, а вечерта разбрале дека таа била пронајдена мртва во нејзиниот дом.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...