21.9 C
Ohrid
петок, јули 25, 2025
ПочетнаМакедонијаЛевица демантира: „Бодигардот“ не е телохранител на Апасиев, туку во член на...

Левица демантира: „Бодигардот“ не е телохранител на Апасиев, туку во член на безбедностниот сектор на партијата

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Левица остро ги демантираспоред нив, лажните вести објавени на домашните медиуми на кои им е испратен овој демант, во кои разнолико се изнесени неточни, фабрикувани и лажни информации со цел нарушување на угледот на наш член, дискредитирање на Левица и влијание на јавното мислење.

<

Во врска со насочениот напад против Левица и околу вчерашниот изрежиран инцидент и обид за заплашување на нашите членови и влијание на јавното мислење се изнесени неточни информации, додека самиот настан го организираат структури на полицијата.

Членот на Левица, против кој се објавени злонамерни текстови и на кого му е нарушена приватноста, не е телохранител на претседателот на Левица, туку член на безбедностниот сектор на партијата. Спротивно на тоа како е наведено во лажните вести, лицето не било во алкохолизирана состојба и со него во автомобилот се наоѓало ШЕСТ ГОДИШО ДЕТЕ, што понатаму ги покажува намерите на целото сценарио, бидејќи спротивно на Деловникот за работа на полицијата автомобилот е претресен без судски налог и полициските службеници постапувале агресивно и со умисла за заплашување и фингирање на инцидент. Поради ова, правниот тим на Левица ќе преземе правни мерки против припадниците на специјалната полиција кои постапиле спротивно на Деловникот.

Државната мафија, сочинета од спрегите помеѓу политичките агенти и безбедностните структури, дел блиски до највисоките ешалони на власта и дел лојални на други политички опции кои биле на власт, се служи со сите расположливи средствата, како злоупотреба на државниот апарат и медиумското влијание, за да ја задуши секој искра на отпор кон авторитарниот режим и канџите на политичкиот систем кој служи на оние кои го изградиле и против слободата и достоинство на обични луѓе.

Оваа оркестрација испрати силен сигнал во јавноста за приликите во кои се наоѓаме, од една страна за безбедноста на оние кои не се блиски до одредени политички опции и од друга за нивниот страв од непосредната народна победа која ќе го сотре нивниот криминал.

Методите со кои се служат не можат да не изненадат, ниту да не заплашат, затоа и се неефективни против Левица и оставаат несериозен впечаток кај народот.

Сектор медиуми при Левица.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

“Полека но сигурно, Грција станува наша”-За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра.

Грција секоја година станува сè попривлечна за инвестирање во недвижности, а според износот Македонија е на 25-то место меѓу државите во светот чии жители...

Египќаните фрлаат шишиња со храна во морето за да стигне до Газа

Како дел од иницијативата, Египќаните полнат шишиња од еден и два литри со житарки, ориз, леќа и друга сува храна, пред да ги стават...

Грета Тунберг го посети градот Тетово

Во текот на посетата, шведската климатска активистка Грета Тунберг, заедно со претставници од Општествено-културниот центар Тетово, ја посети и новата просторија во која центарот...

Охридското езеро одзеде уште еден човечки живот.

На 24.07.2025 во 12.15 часот во ОВР Струга било пријавено дека во водите на Охридското езеро на струшкото крајбрежје било забележано безживотно тело на...