30.9 C
Ohrid
понеделник, август 11, 2025
ПочетнаМакедонијаОбвинителството не барало притвор за Пендиков бидејќи „полицијата нашла малку дрога“

Обвинителството не барало притвор за Пендиков бидејќи „полицијата нашла малку дрога“

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Претепаниот охриѓанец Христијан Пендиков не добил притвор ниту друга мерка, бидејќи полицијата нашла мало количество дрога велат од обвинителството. За ова кривично дело се уште нема одлука, објави ТВ 24.

<

Иако за неговиот болнички транспорт до Софија не била побарана согласност од Обвинителството велат Пендиков досега два пати дал свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот.

„Пријавата се однесува на настан случен на 20 октомври, кога при личен претрес кај пријавениот било констатирано неовластено поседување на наркотична дрога во помали количини – 0,3 грама кокаин. Со оглед на тежината на кривичното дело и другите факти во предметот, надлежниот јавен обвинител оцени дека во конкретниот случај не се исполнети законските основи за да побара мерки за обезбедување на осомничениот. По пријавата се постапува и се испитуваат околностите, по што ќе биде донесена јавнообвинителска одлука.Во однос на транспортот на наведеното лице, од јавното обвинителство не беше побарана согласност за негово префрлање во Република Бугарија. Оштетениот до сега два пати даде свој исказ во постапката и достапен е на органите на прогонот. Освен тоа, тој има правен интерес да учествува во постапката. Јавното обвинителство нема ниту една законска основа да задржува оштетено лице“

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Градоначалникот Пецаков оствари важна средба со амбасадорот на Шпанија за развој на Охрид и туристичка соработка

Остварив средба со амбасадорот на Кралството Шпанија Н.Е. Рафаел Сориано Ортиз. На работната средба разменивме мислења околу туристичката соработка меѓу двете земји, Македонија и Шпанија...

„Тетка Доста, една од најомилените во општина Дебрца, замина во заслужена пензија“

Денес во општина Дебрца се собравме по повод еден значаен и емоционален момент – испраќањето во заслужена пензија на нашата колешка,соработник,пријател– нашиот и мојот...

Пред да исчезне во водите на Охридско езеро објавил фотографии

52-годишниот жител на Пловдив, Илија Танчев, е Бугаринот кој исчезна во Охридското Езеро. Во петокот тргнал кон Охрид, објави 4NEWS.mk На својот Фејсбук профил објавил...

Началникот ќе биде разрешен: Внатрешна контрола констатира непрофесионално однесување !!

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста дека Одделот за внатрешна контрола при МВР, по извршени проверки во врска со објавеното видео за време...