20.2 C
Ohrid
петок, август 15, 2025
ПочетнаМакедонијаУште еден затвореник ни побегна- Од МВР велат нема место за паника...

Уште еден затвореник ни побегна- Од МВР велат нема место за паника ќе биде фатен !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Осуденици и понатаму успеваат да избегаат од затворите во земјава. По бегството на затвореникот од затворот Идризово, имало бегство и од затворот Шутка.

<

Информациите за Алсат ги потврдија и од затворската управа. Заменик-директорот Садуш Арифи вели дека на 14 јануари избегал Нафи Абдиовски, осуден на 8 месеци. Избегал околу 17.00 часот, а од затворот велат дека ги известиле сите надлежни.

„Не беа направени никакви отстапки во текот на постапките од неговото доаѓање од притвор врз основа на одлуката на правосилната казна изречена од Основниот суд Скопје од 8 месеци затвор, од кои тој имаше издржано речиси 3 месеци. Врз основа на досието, од страна на класификацијата во Секторот за ресоцијализација, му бил одреден третман со група Б (полуслободно). Истото лице имало и повеќе други кривични дела во постапките во различни судови во државата“, рече Садуш Арифи, Заменик-директор на затворот Шутка.

Од МВР велат дека се информирани за бегството и ги преземаат сите мерки за негово пронаоѓање.

„Лицето издржувало затворска казна во траење од 8 месеци во Затвор Скопје за сторено кривично дело измама по чл.247, стр. 3. По наредба на КПУ Затвор Скопје од 16.01.2023 година, распишана е централна потерница за бегство од затвор, за издржување казна во траење од 7 месеци и 15 дена“, велат од МВР.

Инаку, бегалецот Абдиовски може да се види на некои фотографии на социјалните мрежи со актуелни владини, но и поранешни функционери.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Полицијата поднесе пријава за лицето кое влечеше куче со возило

Поднесена пријава за лицето кое влечеше куче со возило На 13.08.2025 во 14:45 часот во ОВР Крива Паланка бил извршен службен разговор со З.М. (59)...

Од денес е во функција новата клучка што ги поврзува Охрид и Струга, како и Македонија и Албанија.

Се пушта во употреба клучката Подмоље, клучка која ги спојувува Охрид и Струга, но и Албанија и Македонија, а интензивно се работи и на...

Пожарникари од Крива Паланка спасиле куче влечено од автомобил, па фрлено во речно корито.

По добиена дојава за фрлено куче во бездна со тим од двајца пожарникари излеговме на лице место и пристапивме со негово извлекување и предавање...

Четиригодишно дете од Куманово се затруло со детергент.

Уште еден случај на затруено дете во Куманово, евидентира кумановската полиција. Станува збор за четиригодишно дете, случајот во полицијата го пријавиле од кумановската болница. –...