5.2 C
Ohrid
четврток, јануари 23, 2025
ПочетнаМакедонијаГруби - Ние сме прогресивна влада - Или сте за или сте...

Груби – Ние сме прогресивна влада – Или сте за или сте против Европа немаме време за чекање

spot_img

Нема повеќе време, ниту простор за калкулации и измами. Или сте за Европа или сте против. Нема простор за средна зона, бидејќи нема друга алтернатива, порача првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби, повикувајќи ги сите да се придружат на, како што рече, прогресивното мнозинство „на патот за Европска алијанса“.

<

ДОЈДЕТЕ СИТЕ ЗАЕДНО. АЛБАНЦИ, МАКЕДОНЦИ, ТУРЦИ, РОМИ, СРБИ, ВЛАСИ, БОШЊАЦИ, ПОЛИТИЧКИ ПАРТИИ, ГРАЃАНСКОТО ОПШТЕСТВО, МЕДИУМИ, КРЕАТОРИ НА ЈАВНОТО МИСЛЕЊЕ, АКАДЕМСКИОТ СВЕТ И СИТЕ ГРАЃАНИ. ДОЈДЕТЕ НА ПРВАТА ЛИНИЈА НА ЕВРОПСКО-МАКЕДОНСКИОТ ФРОНТ, ПОВИКА ГРУБИ, ВО СВОЕТО ВОВЕДНОТО ОБРАЌАЊЕ НА ДЕНЕШНАТА КОНФЕРЕНЦИЈА „ГОДИНА НА НОВИ МОЖНОСТИ“ ВО ОРГАНИЗАЦИЈА НА ВЛАДАТА.

Според Груби, иако имало обиди земјата да се втурне во непредвидливост и ваквите закани се уште не престануваат, тоа не ги обесхрабрува, за како што вели да го реализираат тоа што го ветиле на граѓаните – еднаквост, развој, интеграција, мир, безбедност и стабилност.

ВО ЈУНИ МИНАТАТА ГОДИНА КОНЕЧНО ГИ ЗАПОЧНАВМЕ ПРЕГОВОРИТЕ ЗА ЧЛЕНСТВО ВО ЕУ. И ПОСЛЕ, ОВА СОНЦЕТО ПОВТОРНО ИЗГРЕА, А НИЕ ЗБОРУВАМЕ НА ИСТИТЕ ЈАЗИЦИ, ШТО ГИ ЗБОРУВАМЕ, И ПИШУВАМЕ И ЧУВСТВУВАМЕ КАКО ШТО СМЕ, БЕЗ ДА ДОЗВОЛИМЕ НИКАКВО НАМЕТНУВАЊЕ, НО СЕГА КАКО ЗЕМЈА КОЈА ШТО ПРЕГОВАРА СО ЕУ. ПОЛИТИКАТА НА НАШАТА ВЛАДА Е ХРАБРА И ПРОГРЕСИВНА, ПОЛИТИКА НА НУЛА ПРОБЛЕМИ СО СОСЕДИТЕ И ЦЕЛОСНО РЕГИОНАЛНА И ЕВРО-АМЕРИКАНСКО ПАРТНЕРСТВО, ПОРАЧА ГРУБИ.

Тие што се преставуваат како квази патриоти, според Груби, сакаат само власт и да ја држат земјата изолирани од западниот свет,  измислувајќи непостоечки страв за да ги исплашат граѓаните.

СО ОВИЕ ПОЛИТИКИ НА СТРАВ ИЗГУБИВМЕ ДЕСЕТ ГОДИНИ ОД НАШИТЕ ЖИВОТИ. ДЕНЕС, ТИЕ ШТО ИНСТАЛИРААТ НЕПОЗНАТИ СТРАВОВИ, ИМ ВЕЛАТ НА МЕЃУНАРОДНИТЕ ПРЕТСТАВНИЦИ ДЕКА ЌЕ ГО ПРОМЕНАТ УСТАВОТ ОТКАКО ЌЕ ЈА ДОБИЈАТ ВЛАСТА И ДЕКА ГИ ИМААТ МЕТОДИТЕ, НО ИМ ТРЕБА ВЛАСТА И БИ БИЛО ДОБРО ДА СЕ ЗНАЕ ОВА И ОД НИВНИТЕ ЧЛЕНОВИ НА ПАРТИЈАТА. НИМ ИМ Е ДО ВЛАСТ, А НЕ ЗА ПАТРИОТИЗАМ, ИЗЈАВИ ГРУБИ.

Во време кога целиот регион се користи како полигон за влијанија, ние, посочи Груби, како прогресивно мнозинство ги предизвикуваме сите на патот за Европска алијанса.

ОВА Е ЕДИНСТВЕНИОТ ПАТ ЗА ПРОЕКТИ, КАКО ШТО СЕ АВТОПАТИТЕ, ЖЕЛЕЗНИЦИ, ДЕПОНИИ, БОЛНИЦИ, УЧИЛИШТА, ГРАДИНКИ, ЗА ПОДОБАР ЖИВОТЕН СТАНДАРД, ЗА ВЛАДЕЕЊЕ НА ПРАВОТО, БОРБА ПРОТИВ КОРУПЦИЈАТА, НО И ЗА ЧИСТЕЊЕ НА НАШИТЕ ОПШТЕСТВЕНИ РЕДОВИ И ЈАВНОСТА ОД МОНТЕРИТЕ НА СТРАВОТ И ДИРЕКТНИТЕ И ИНДИРЕКТНИ ПРЕЧКИ НА ЕВРОПСКИОТ ПАТ, ИЗЈАВИ ГРУБИ.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Делата зборувааат за него: Градоначалникот Ногачески горд на реализираните проекти- Во 2025 година не очекуваат уште поголем број на нови проекти.

💁По изминувањето на три години од вториот градоначалнички мандат даваме преглед-потсетување на поголемиот дел од реализираните инфраструктурни проекти и активности, во периодот од 04.11.2021...

Заменик директорот во „Македонски шуми“ дели бесплатно 50 знамиња со Сонцето од Кутлеш

Заменик генералниот директорот во „Македонски шуми“, Кире Михаилов на својот Фејсбук профил се пофали дека е исплатена декемвриската плата за вработените во претпријатието. Тој, како...

Вечер открива нов судски скандал: Еве како се „обработува“ судија од Апелација за потребите на една од странките

Обвинителството и судството имаат доверба во јавноста од само 2%, дека има причина за таа ниска доверба граѓаните гледаат докази преку сопствени искуства и...

ИН МЕМОРИАМ: Почина познатиот сликар Коле Манев

Јана Манева Чупоска на социјалните мрежи објави дека починал нејзинот татко, познатиот сликар Коле Манев. Коле Манев е роден во Бапчор, Костурско, Егејска...