20.2 C
Ohrid
четврток, јули 3, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски од „Свети Спас“: Како син на Македонија Гордост, вознес и трепет...

Спасовски од „Свети Спас“: Како син на Македонија Гордост, вознес и трепет ми удираат во дамарите како негов потомок !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

По повеќе од еден и пол век од раѓањето на македонскиот револуционер, уставотворец и државник, тој останува синоним за храброст, посветеност, просветителство и лидерство, пишува министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, во неговата честитка по повод денот на раѓањето на Гоце Делчев.

<

По повод 151 – годишнина од раѓањето на Делчев, Спасовски, како дел од делегацијата на Владата, се поклони пред вечното почивалиште на македонскиот револуционер.

Гордост, вознес и трепет ми удираат во дамарите како негов потомок, како син на Македонија, како ученик кој има уште многу да впива од Учителот, пишува министерот.
Дополнува дека раѓањето на Гоце Делчев, како што вели, како никогаш досега одново бранува и истовремено, порачува на обединување, достојно на визијата и мудроста со која живееше, и самиот калејќи се од идеите и искуствата на европските и балканските демократи.

Големиот познавач на военото организирање, а по идеолошка определба – пацифист, со своите специфики небаре ја исцрта иднината на својата татковина, како што му доликува на еден апостол на македонскиот народ во борбата за самостојност и за национална држава. И сѐ уште ни држи лекции кои се нашиот патоказ кон иднината, стои во честитката од министерот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм.

После 137 години во Гостивар ќе ЗАЅВОНАТ ЅВОНАТА ВО ДУХОТ НА ХРИСТИЈАНСТВОТО на уште еден црковен храм, а со тоа ќе означат едно ново време,...

И оваа година, хуманитарна трка со гумени Патки во Струга !!

Струга повторно плива во хуманост: Трка со пластични патки на 1 август оваа година, на 1-ви август, Струга ќе биде домаќин на хуманитарната...

Минчев: 40 проценти од Административците или ништо не работат или бараат начин да не дојдат на работа

40 проценти од административците или ништо не работат или бараат начин како да не дојдат на работа, открива министерот за јавна администрација Горан Минчев,...

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ во Охрид.

Денеска сите патишта водат кон манастирот „Свети Наум“ На 3 јули (по нов стил), македонскиот народ го празнува летниот празник на Свети Наум Охридски,...