26.9 C
Ohrid
петок, август 1, 2025
ПочетнаМакедонијаКрадец корнел и носел дома делови од канделабри во Битола, ги однел...

Крадец корнел и носел дома делови од канделабри во Битола, ги однел и звучниците од фонтаната

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Битолската полиција го уапси 37-годишниот битолчанец Д.О., кој е осомничен дека извршил две тешки кражби во центарот на градот и шеталиштето, објави „СДК.мк“.

<

Според полицијата, тој украл повеќе предмети, меѓу кои и метални делови од големата фонтана која е дел од споменичната целина на Филип Втори во центарот на градот, засилувачот и звучниците од фонтаната, како и улични канделабри од шеталиштето.

При претрес во неговиот дом, извршен со судска наредба, биле пронајдени дел од украдените предмети, кои ќе ѝ бидат вратени на општината.

Лицето било задржано во полициска станица. По целосно расчистување и документирање на случаите, против него ќе биде поднесена кривична пријава, вели СВР Битола

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Николоски: Млади лица ќе се обучуваат за пилоти со државно кофинансирање

Агенцијата за цивилно воздухопловство почна кофинансирање од 50 проценти на почетнички обуки на пилотски кадар од кој има сериозен недостаток. На првиот повик објавен...

МВР го бара со меѓународна потерница, а тој се шета низ Скопје?!

Љупчо Пецов Ѓаволот, познато име во обвинителско-судската евиденција, кој е осомничен во случајот „Синџир“ и за кого постапката беше прекината бидејќи беше во бегство,...

Шоферот што ја усмрти жената во Неготино, имал 99% слепило !!

Основното јавно обвинителство Кавадарци поднесе обвинение против лице кое, и покрај тоа што имало 99% попреченост на видот, управувало товарно возило и усмртило жена...

Трамп ја намали царината за Македонија – сега е 15 отсто, исто како за ЕУ

Американскиот претседател Доналд Трамп воведе високи тарифи за извоз од десетици трговски партнери, вклучувајќи ги Канада, Бразил, Индија и Тајван, а наредбата воведува стапки...