5.9 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаНа почетокот на 2024 ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид

На почетокот на 2024 ќе се вози по автопатот Кичево-Охрид

spot_imgspot_img

Сите инфраструктурни проекти за автопатот Кичево-Охрид се одглавени и на самиот почетокот на наредната година моите сограѓани ќе возат по автопатот Кичево-Охрид.

Ова го изјави потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи при неговото гостување во ТВ 24, каде одговараше на разни прашања од економијата.

Вицепремиерот Битиќи ја информираше јавноста дека автопатот Кичево-Охрид имаше 130 инфраструктурни проекти неодобрени, што значи тоа дека секој метар од автопатот немал инфраструктурен проект и за илустрација рече дека тоа е исто како на граѓаните да им ветите изградба на канализација, ама секој метар од канализацијата да не е проектиран и да ги лажете дека ќе им направите 5 километри канализација.

„Овде зборуваме за 50 километри во кои 130 инфраструктурни проекти воопшто не биле нацртани, проектирани, не биле одобрени, земјиштето не било трансформирано ниту експроприирано.

Знаете што значи да направите 130 инфраструктурни проекти од кога проектот е започнат и за ова ни беа потребни 3.5 години и ова сега веќе е завршена работа.

Ова никој не го зборува оти не можат административно да го гледаат, а ова беше условот за да го направиме анексот со завршени инфраструктурни проекти, завршени експропријации, завршена трансформација”, изјави вицепремиерот Битиќи.

На прашањето кога нашите граѓани ќе можат да возат по автопатот Кичево-Охрид, Битиќи рече дека на 31.12 2023 година сите изведувачи имаат краен рок тоа да го направат и ако до тој датум не може да се вози по 95% од делницата, оти 5% се пропратните патишта, некој ќе сноси сериозна одговорност во оваа земја и ова е системско решавање на работите.

„Завршена е приказната на седнување по кафеани и договарање дали можат да добијат уште година дена. Не, 31.12.2023 е крајниот рок во кој моите сограѓани од Охрид ќе може да патуваат за Скопје по автопатот Кичево-Охрид”, изјави Битиќи.

Потпретседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи подвлече дека ова е рокот, но ако некој од изведувачите сака, може утре да се откаже и ќе биде заменет со некој друг изведувач бидејќи ова е начинот на кој ние мора да ги решаваме работите.

Битиќи информираше дека во меѓувреме почна да тече рокот за консултантот кој е избран за патниот правец Тетово-Гостивар, Гостивар-Букојчане, Требеништа-Струга и автопатското решение Прилеп-Битола.

Они имаат 21 ден да ги завршат консултациите за да го спремат конечниот проект со избраниот оператор „Бехтел и Енка” и ако се е како треба напролет би требало да почнат, но дека и таму има многу јасен рок на изведба.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...