15.9 C
Ohrid
петок, април 18, 2025
ПочетнаМакедонијаСпасовски: Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на...

Спасовски: Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Честит 100-ти роденден почитуван претседател на Главниот одбор на Сојузот на борците од Народноослободителната антифашистичката војна на Македонија 1941-1945, Никола Стојановски, со срдечни желби за добро здравје и понатамошни успеси!

<

Д-р Стојановски, ви посакувам да Ве служи здравјето уште многу години! Нека Вашата посветеност, одважност и мудрост продолжат да бидат инспирација за секоја следна генерација во нашата држава, но и пример за сите членови на Сојузот на борците и продолжувачите.

Инаку, д-р Никола Стојановски е учесник во НОБ и еден од ретките живи борци од Втората светска војна, а веќе втор мандат ја извршува функцијата претседател на Главниот одбор на СБМ од НОАВМ 1941-1945 и граѓаните продолжувачи.

Роден во велешко, завршил Медицински факултет во Белград и речиси целиот работен век е педијатар и директор на Болницата во Велес. Ја извршувал и функцијата пратеник во првиот парламентарен состав на независна Македонија и бил претседавач на првата конститутивна седница на Собранието во 1991 година како најстар и угледен пратеник во тогашниот состав, а бројните одликувања и признанија говорат за несебичната заложба за напредок на граѓаните и државата.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

На Велики Петок, охридскиот музичар Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха.

На Велики Петок, точно напладне, охридскиот музичар Охриѓанецот Горан Андреески ја промовираше велигденската песна „Воскресение Христово Пасха“, неговата прва инструментална композиција, посветена на Христовото...

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва

Велики Петок – Ден на Строг Пост и Молитва Денес, Велики Петок, е еден од најтажните и најсветите денови во христијанската традиција. Тоа е денот...

Одјек од Вевчани- Млади момчиња ја негуваат традицијата со зурли и тапани.

ИНТЕРВЈУ СО ГРУПАТА „ВЕВЧАНСКИ ЗУРЛИ И ТАПАНИ“ 1. Како започна вашата приказна како музичка група? Нашата љубов кон традиционалната музика е нешто што го носиме уште...

Се стравува за уште двајца пациенти од пожарот во Кочани.

Уште двајца повредени од пожарот во дискотеката Пулс во Кочани од 16 март, кои се лекуваат во странство, се во релативно тешка здравствена состојба,...