5.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаМакедонијаМакедонскиот клуб во Бугарија го искршила екс кандидатката за градоначалник Елизабета.

Македонскиот клуб во Бугарија го искршила екс кандидатката за градоначалник Елизабета.

spot_img

Људмила Костадинова е иницијатор за каменувањето на македонскиот културен центар во Благоевград. Нападот не е вандалски чин, тврди, ама немало друг начин да го искажат револтот од тоа како македонските власти се однесувале кон Бугарите на граничниот премин „Деве Баир“ на 4-ти февруари, а официјална Софија на тоа молчела. Костадинова, инаку кандидатка за градоначалник на Благоевград во двата последни изборни циклуси, и уште двајцата кои и помогнале во каменувањето, Станислав Илиев и Николај Иванов , за бугарските медиуми потврдија дека се пуштени од притвор без пријава. А направената штета на клубот ја платиле со пари собрани од жителите на Благоевград.

„Јас сум иницијатор за тоа што се случи. Ова не е вандалски чин. Нашите граѓани и нашата држава беа понижени од Македонија. Бев револтирана поради тоа, како и поради репресиите што им се вршат постојано на македонските Бугари и фактичкото недејствување на бугарските власти. Истиот ден го нападнавме клубот. Да, јас имав желба и им дадов идеја на другите и тргнав реално сама. Луѓето што ги гледате до мене ме поддржаа, тоа се мои пријатели кои не ме оставија да отидам сама“, изјави Костадинова за Нова.
Ниту Костадинова, ниту соучесниците во нападот не се каат за стореното. Симболичен акт било каменувањето со цел да му покажеле на бугарското општество дека сè уште постојат будни Бугари.

„Не можам да се сетам дали сите фрлавме камења, како што рече Костадинова, таа фрли камен, таа го искрши стаклото“, изјави Илиев.
Двајца напаѓачи, и Илиев и Иванов, се вработени во Општинското претпријатие „Озеленување“ во Благоевград. Градоначалникот на Благоевград Илко Стојанов, вчера иронично изјави дека ако се докажела вина, ќе ги казни вработените што фрлале камења на македонскиот клуб како што Скопје ги казнува цариниците и полицајците.

Македонскиот клуб во Благоевград беше вандализиран вечерта на 4 февруари, кога во Скопје се чествуваше 151-годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев.

Викторија Миткова Алфа Тв

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...

Васко Ковачевски сепак не е уапсен, заминал од државата уште во септември

Иако првичните информации во јавноста и медумите беа дека е уапсен поранешниот директор на ЕСМ, Васко Ковачевски во големата полициска акција што почна утрово...

Ковачевски е во бегство, но ќе го најдеме !!!

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната прес-конференција во Владата потврди дека екс директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски е надвор од државата. Тој додаде дека единствено...

Во голема акција на МВР уапсен Васко Ковачевски и уште 28 лица

Васко Ковачевски поранешениот директор на ЕСМ е еден од 29 физички лица кои се уапсени во денешната акција на МВР, поврзана со работењето на...