19.6 C
Ohrid
недела, август 10, 2025
ПочетнаСветИлјадници понуди за посвојување на бебето Аја, што на арапски значи чудо...

Илјадници понуди за посвојување на бебето Аја, што на арапски значи чудо кое се роди под урнатините во Сирија.

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Бебето се вика Аја, што на арапски значи чудо. Кога спасувачите го пронајдоа, тоа со папочната врвца беше врзано за мртвата мајка. Девојчето во моментов е хоспитализирано во болница чиј директор исто така има бебе четири месеци постаро од Аја, па неговата сопруга сега ги дои и двете бебиња

<

Би-би-си
Илјадници луѓе се понудија да го посвојат девојчето кое се роди под урнатините од зграда во Северозападна Сирија, по разорниот земјотрес во понеделникот, пишува Би-би-си.

Кога беше спасено, бебето сè уште беше поврзано со папочната врвца со мајката. Видеата од нејзиното спасување станаа вирални.

Се вика Аја, што на арапски значи чудо.

Аја сега е во болница.

„Таа пристигна во понеделникот во лоша состојба, имаше модринки, беше ладна и едвај дишеше“,

вели педијатарот што се грижи за неа, Хани Маруф.
Бебето сега е во стабилна состојба. Во болница го однел подалечен роднина.

Во својата сторија Би-би-си наведува дека илјадници луѓе преку социјалните мрежи побарале детали како може да ја посвојат, но одредени информации се дека нејзиниот вујко ќе се грижи за неа.

Докторот и директор на болницата каде што е сместена Аја, вели дека и тој добил десетици повици со понуди за посвојување од целиот свет.

„Нема да дозволам некој да ја посвои сега. Сè додека не се врати нејзиното далечно семејство, ќе ја третирам како моја“,

вели менаџерот Атија.
Тој има ќерка која е четири месеци постара од Аја, па неговата сопруга сега ги дои и двете бебиња.

Родниот град на Аја е Џиндарис. Нејзините мајка, татко и сите четири братчиња и сестрички загинаа во земјотресот.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

,,Градоначалникот Пецаков на уникатното автомобилско шоу под охридското небо”

Вечерва, под отвореното небо на нашиот прекрасен град, се одржа третото издание на Night Car Show, каде на едно место се собраа заедно сите...

Митрополитот Иларон му го додели чинот протојереј на отец Димитар Арсовски

Во манастирот посветен на Свети Пантелејмон во селото Пантелеј, Кочанско, митрополитот Брегалнички г. Иларион одржа свечена богослужба на која му додели чин протојереј на...

Нуркач од Бугарија исчезна во водите на Охридското Езеро !!

На 09.08.2025 годна во 13.15 часот, во СВР Охрид и езерската полиција е пријавено дека, И.Т.(52) од Република Бугарија, исчезнал при нуркање на длабочина...

Не постоела наредба за приведување на директорката од Демир Хисар

Поради сомневање за кривично дело Фалсификување и уништување деловни книги, Министерството за внатрешни работи – ОВР Демир Хисар, по барање на Основното јавно обвинителство...