17.9 C
Ohrid
понеделник, април 15, 2024
ПочетнаМакедонијаКако живее Иле, момчето кое го доби срцето на Верче Белчовска: Претешко...

Како живее Иле, момчето кое го доби срцето на Верче Белчовска: Претешко се наоѓаат правите зборови!

Младиот Иле Стрезовски од Бревница во април 2021 година се најде во центарот на вниманието, откако му беше трансплантирано срце на Клиниката на Државна Кардиохирургија. Тоа беше втора трансплантација на срце во земјава, а во градите на Иле започна да чука срцето на 20-годишната Верче Белчовска од Берово, која почина откако беше прегазена на пешачки премин во Струмица.

Кога Министерството за здравство ја објави веста за успешната трансплантација, „Фокус“ разговараше со Цветко, таткото на Иле. Тој тогаш емотивно раскажа дека се соочиле со многу измешани чувства, страв, болка, неизвесност, но пред се преовладувала благодарноста кон семејството на Верче за хуманиот гест. Денес, околу две години по трансплатацијата, Иле живее исполнет живот.

Со неговата сопруга Маја, како и со поддршката на целото семејство се вратил на секојдневието, а трансплантацијата која му го спаси животот ја гледа како искуство за кое не може да се најде соодветни зборови и да и го долови на јавноста. Со растреперен глас се присетува на се низ кое минал тој и неговите блиски, и за ,,Фокус” раскажува дека во реченицата – Благодарам семејство Белчовски, не може да се соберат сите емоции кои ги чувствува.

-Благодарен сум на Бога, се е добро, веќе одам и на работа. Работам во обложувалница, се вратив на секојдневните животни навики, среќен сум за шансата која ја добив јас, но и моето семејство кое помина низ тежок период. Јас имав нормален живот и не ни претпоставував дека ќе го доживеам сето ова, дека преку ноќ ќе ми се случи нешто такво, да ми биде потребна трансплантација на срце за да можам да продолжам со животот. Се се случи наеднаш, неколку месеци пред трансплантацијата. Првин мислев дека се работи за проблеми со желудникот, не знаев дека всушност проблемите доаѓале од срцето. Ми беше многу лошо.

По лекарските прегледи дознавме дека се работи за сериозна состојба, за срцева слабост и ми беше кажано дека трансплантацијата ќе биде моја шанса за живот. Тешки моменти се тоа… И потоа се беше како во сон, по неколку месеци во тек на ноќ добив повик од лекар, ми беше кажано дека има донор на срце за мене, дека веднаш морам да дојдам. Беше тоа во периодот на полициските часови, во ек на пандемијата со корона вирус. Не размислував многу, не се плашев. Немав ниту време за многу размислување, секоја секунда беше важна, само го следев она кое ми го кажаа лекарите. Се простив со блиските пред да започне трансплантацијата и само реков – Ако има Господ, ќе има и живот за мене- раскажува Иле.

Појаснува дека сега редовно прима терапија, но најважно му е тоа што може нормално да функционира, да се радува на секој нов ден поминат со блиските, благодарен е за секој нов момент. Набргу по трансплантацијата, неговиот татко ни кажа дека сестрите и зетот на Иле заминале на погребот на Верче, да и оддадат почит нејзе, но и на нејзиното семејство кое во најтешкиот период покажало невидена човечка големина. Сега, Иле појаснува дека имаат редовен контакт со Белчовски и вели дека многу му е тешко да зборува за тоа.

-Ме совладуваат емоции, претешко ми е да зборувам. Се видовме сите, се запознавме, во постојан контакт сме. Добив брат и сестра, нејзините сестра и брат се и мои, добив фамилија. Првата средба со овие големи луѓе не можам да ја опишам. Многу е тешко, добрината која ја направија е нешто толку големо, што моите зборови не можат да го појаснат. Би сакал нашата приказна да помогне да се спасат многу други животи, да им се даде шанса на многу други луѓе како мене. Да се зборува за важноста на донорството, повеќе да се пишува на вакви теми во медиуми, да допрат овие зборови до целата јавност. Чувствувам благодарност и благослов, верувам во човечноста која ги поместува границите – ни раскажа младиот Стрезовски.

Неговата трансплантација беше втора во земјава, откако неполна година пред тоа се случи првата, кога Иван Огненовски од Скопје го доби срцето на Емилија Динева од Дојран. Пред неколку месеци за ,,Фокус” синот на Иван, Васил, исто така раскажа дека неговиот татко сега има нов живот и благодарение на трансплантацијата тој живее и функционира нормално, радувајќи се на секој нов ден.

Вики Клинчарова FOKUS

spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Влада: 24 април и 8 мај се неработни денови, се препорачува и приватниот сектор да не работи

Деновите кога ќе се одржат изборите за претседател на Македонија и за пратеници во Собранието се прогласени за неработни денови за сите граѓани на...

Пецаков уште еднаш им одговори на сите што сакаат да го оцрнат предизборно !

🗣Со оглед на тоа дека бев прозван од некои иницијативи и медиуми во врска со изградба на хотел во месноста Горица, а во интерес...

Голема акција во Идризово: Уапсени 17 затворски полицајци, веќе се однесени во Суд

Во голема акција во затворот Идризово утрово, уапсени се 17 припадници на затворската полиција, кои веќе се во Суд. Акцијата ја води Обвинителството за организиран...

О2: Мијалкови започнаа да градат луксузен хотел во Охрид, уништена шума стара 70 години

Во Охрид, над Горица 3 започнува градба на хотел, а за таа цел е унишена стара шума над 70 години која ја засадиле жители...