11.5 C
Ohrid
петок, мај 3, 2024
ПочетнаМакедонијаСпасовски на трибина со Сојузот на борци: Февруарскиот поход како пресвртница во...

Спасовски на трибина со Сојузот на борци: Февруарскиот поход како пресвртница во воено-стратешкиот план, говори за високата политичка свест на борците за создавање македонска држава

spot_imgspot_img

Спасовски на трибина со Сојузот на борци: Февруарскиот поход како пресвртница во воено-стратешкиот план, говори за високата политичка свест на борците за создавање македонска држава

Денеска, министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, на покана на Сојузот на борци од Народноослободителна антифашистичка војна на Македонија 1941-1945 и граѓаните продолжувачи, учествуваше со свое обраќање на трибина по повод Февруарскиот поход. Осврнувајќи се на значењето и наследството од Февруарскиот поход, министерот Спасовски го карактеризираше како пресвртница во воено-стратешкиот план после кој се динамизира патот до конечна победа на Народноослободителна војска и одржување на Првото заседание на АСНОМ, но и како доказ за самосвеста на македонскиот народ.

„Во тие денови на траење на операцијата од 31 јануари до 24 февруари 1944 година била демонстрирана силната и непоколеблива волја, победничкиот морал и слободарски дух на припадниците на партизанското движење на Македонија изразен со високата политичка свест на борците и на населението за постигнување на крајната цел – создавање македонска држава”, рече министерот Спасовски.

Министерот Спасовски истакна дека иницијативата на Сојузот на борци на Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија говори за тоа дека антифашистичката борба има масовен општонароден карактер во Македонија, дека антифашизмот е принцип на македонската борба.

„Хероите кои се тука присутни и денеска нè потсетуваат дека слободата никому не му е подарена, а визијата на секој лидер е да ја чува и негува татковината, да носи вистински одлуки во вистинско време што особено беше потребно во реализацијата на нашата стратешка определба како држава со зачленувањето во НАТО и кон нашата истрајност за полноправно членство на земјава во ЕУ”, истакна министерот Спасовски.

На крајот од своето обраќање, министерот Спасовски во свое и во име на Министерството за внатрешни работи, изрази должна почит и благодарност кон сите членови на Сојузот на борци од Народноослободителната антифашистичка војна на Македонија, со желби следната година светлиот Јубилеј – 80 години од Февруарскиот поход да биде одбележан онака како што доликува на една современа држава со европски вредности.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

ГРК Охрид обезбеди пласман во Европските ракометни купови

ГРК Охрид оберзбеди учество во европските купови, откако вечерва во салата „Билјанини извори“ ја совлада екипата на Пролет 29:22, полувреме 16:10, во натпревар од...

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Полициски службеници од СВР Велес, вчера во 8.30 часот, во водите на реката Вардар блиску до местото наречено „Јаниташ“, пронашле тело на починато машко...

МТВ: Уредно беа поканети двајцата кандидати, тимот на Пендаровски не прифати ни еден од понудените термини

Од Македонската телевизија ги отфрла информациите од кабинетот на Пендаровски дека Гордана Силјановска-Давкова сама си договорила дуел на МТВ. Оттаму велат дека на 26 април...

Пендаровски: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

После јавната бламажа на трите досегашни ТВ дуели, Гордана Силјановска Давкова сфати дека единствен начин да излезе како победник во тие јавни соочувања е...