16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаЗабаваСе огласија Лазаров и Латас: Погрешно сте не разбрале, никој не спомна...

Се огласија Лазаров и Латас: Погрешно сте не разбрале, никој не спомна силување, кажавме само девојката беше гола !!!

Поштовани соросоиди што лажно се претставувате под фирма на славниот Хелсиншки комитет кој одамна не постои. Согласно своите стандарди и вредности за лажно претставување на работите и стигматизација на ваши неистомисленици, видено стотици пати досега, и сега сте во истиот фазон.
Не постои моја изјава, никаде и никогаш, за силување особено не на кое јас сум присуствувал. Значи, нема ни во посочената емисија, подкаст, кој е најпопуларен во државава а замисли се уште не е под ваша контрола, коментира новинарот Драган Павловиќ Латас на објавата на Хелсиншки комитет на обвинувањата за злоставување на девојка.

Латас потенцира дека кој сака тоа може да го види на самото видео.

– Кој не сака, а бланко верува на овој самонаречен Хрлсиншкикомотет земал доброволно ризик да заврши со испран мозок, како со нивната шарена револуција која ја предводеа. Да ве потсетам, ова се тие кои поттикнуваат промена на пол, откажување од личен и национален идентитет, бришење на татко и мајка со именување родител еден и два…, вели Латас.

Ако некој силува во Македонија тоа се ваквите комитети, нашмркани притоа или мамурни, не ги оправдува, стои во коментарот на Латас.

После изјавата на Латас се огласи и Јутјуберот Лазаров во која не убедува дека погрешно сме го разбрале…. Латас спомна гола девојка распарталена во Фичо ама не спомна силување…

Чувствувам морална одговорност да Ви се обратам на сите по скандалозните обвинувања дека сум подржувач на силување и на малтретирање на жени. Од старт сакам да кажам и потсетам дека од првиот ден зборувам јавно за еднаквост, поддршка и љубов помеѓу мажите и жените и никогаш не сум дискриминирал ниту пак сум подржувал изживување врз женскиот род. Многу од вас можеби слушате и првпат за мене денес па си формирате своја слика на лажни обвинувања. Тие што ме следат постојано точно знаат каков човек сум и за што се залагам!

Во мојот подкаст Латас раскажа ситуација од своите средношколски денови и во ниту еден момент не кажа дека некоја девојка била СИЛУВАНА!
Жално е што се дига лажна хајка и се оцрнува моето име и се она што го работам изминативе години. Не би сакал да навлагам во детали, но кога некој покренува иницијатива со вакви сериозни обвинувања, фер е да се изгледа видеото и да се види дека ситуацијата била сосема поинаква и не станува збор за силување. И јас имам и мајка, сестра, девојка, баба и многу пати пак , ќе повторам , сум зборувал за еднаквост!

Јасно ми е дека живееме во држава во која се чека момент да уништите некого и немам проблем со тоа, но да прифатам дека сум подржувач на силување нема никогаш- Пишува Лазаров на социјалните мрежи…

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...