17 C
Ohrid
вторник, септември 16, 2025
HomeМакедонијаСлавјанка Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча каде минатата година...

Славјанка Петровска во обиколка на градовите Ирпин и Буча каде минатата година се водеа жестоки борби за одбрана на Киев

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Министерката Славјанка Петровска денеска во Украина ги посети градовите Ирпин и Буча, каде во текот на месец март минатата година се водеа жестоки битки со руските сили.

<

Во Ирпин и Буча, како што соопшти Министерството за одбрана, Петровска и лично ги виде последиците од уништувањето предизвикано од војната, тешките услови во кои живеат Украинците, но и нивната жар и мотив да се изборат за својот суверенитет.
Војната е немилосрдна и единствено нешто што носи се болка и тага. На лицата на Украинците може да се види бескрупулозноста на воените дејствија, но може да се види и нивната цврстина и желбата да ја одбранат својата татковина, рече министерката при посетата на овие градови.

Таа го потенцираше херојството на овдешните луѓе во одбраната на својата земја и ја повтори итната потреба мирот и безбедноста да се вратат на територијата на целата земја. Петровска порача дека Северна Македонија цврсто и јасно укажува на тоа дека страдањата на украинскиот народ мора веднаш да запрат, стои во соопштението на Министерството за одбрана.
ТВ21

https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/https://www.stylens.mk/
spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

„Влен”: Украдениот имот ќе им се врати на граѓаните

„Со одлуката на Владата, еден од лидерите на Вреди, вицепремиерот Арбен Фетаи, е назначен на чело на Националниот совет за финансиски истраги и конфискација...

Во Албанија е регистрирано ново здружение „ВМРО-ДПМНЕ -Албанија“

ВМРО-ДПМНЕ- Албанија“ е ново здружение на Македонците, откако и официјално е регистрирано во судскиот регистар во Тирана. Ова не е само формалност – ова е...

Херојството на Стојанче Ангелов

Може да мислите што сакате за Стојанче Ангелов, но, ова се неколку факти кои никој не може да ги оспори, напиша Златев на неговиот...

Министерство за здравство: Ќе се поделат 2.000 заштитни маски на жителите во Трубарево

Министерството за здравство, во координација со Институтот за јавно здравје, обезбеди 2.000 заштитни маски N95 кои вечерва ќе бидат дистрибуирани до жителите на скопското...