28.9 C
Ohrid
недела, јуни 29, 2025
ПочетнаМакедонијаРаботата е излезена од контрола: Јанушев бара пратениците да се тестираат за...

Работата е излезена од контрола: Јанушев бара пратениците да се тестираат за дрога и алкохол

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Навистина ми е жал што спикерот Џафери не е денес овде, а уште повеќе ми е жал што не најде доблест и храброст да се извини за вчерашните односно сабајлешните навреди и закани кон мене односно моите малолетни деца, рече Игор Јанушев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

<

Ова доаѓа откако собранискиот спикер,Талат Џафери упати обвинување за користење дрога, реплицирајќи му на Јанушев, на претходна седница на која се скараа за синот на Џафери.

Ќе му се обратам на Талат за две работи, ако се сомнева дека било кој во Собранието користи дрога слободно заклучете ги вратите повикајте служби, би повикал само тука дополнително да се повика и цела Влада, но донесете и дрегери и да направиме тест и за дрога и за алкохол. И да не излеземе додека не ги добиеме резултатите. А, доколку со тоа што ми порача ако имам проблем со нечиј син да излезам надвор и да се видам, и ако мислеше на тоа да ги вркстиме нашите правни познавања бидејќи ијас сум дипломиран правник тогаш не надвор туку еве му предлагам да одбере на било која телевизија било кога и под било кои услови да го вркстиме знаењето за правната проблематика, порача Јанушев.

Тој исто така побара да се осуди наративот на Талат Џафери, бидејќи не треба малолетни деца да се вмешаат во собраниски дискусии.

-А, сега неколку збора и за ова што го слушавме од ВД премиерот. Барем од неколкуте забелешки и од она што имавме прилика да го слушнеме, успешен начин на кој што ќе се продолжиле да ги решаваат проблемите со граѓаните. Оваа Влада со овој премиер е главниот генератор на проблемите на граѓаните, нагласи Јанушев.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Скопјанец со електричен тротинет удрил во отворена врата од автомобил.

Во саботата попладне на улицата „Борис Сарафов“ во Скопје, 29-годишен маж се здобил со тешки телесни повреди откако со електричен тротинет удрил во отворена...

Партијата на пензионерите излегува од коалицијата со СДСМ, на Локални ќе оди со ВМРО-ДПМНЕ

Партијата на пензионери излегува од коалиција со СДСМ и на наредните Локални избори ќе бидат во коалиција со ВМРО-ДПМНЕ. Како што посочи претседателот на...

Малечката Калина од Гевгелија, ја даруваше косата за деца болни од рак, во чест и спомен на својата прерано почината тетка

Во еден неверојатен гест на хуманост и емпатија, малите девојчиња ширум земјата одлучуваат да ја даруваат својата коса за изработка на перики за деца...

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро

Жена на возраст од околу 40 години се удави денеска во Дебарското Езеро, во близина на градската плажа. Телото го забележале двајца граѓани кои...