12 C
Ohrid
понеделник, мај 6, 2024
ПочетнаМакедонијаМенче Точи ја пријавила новинарката Бурнс дека работи за време на породилно...

Менче Точи ја пријавила новинарката Бурнс дека работи за време на породилно боледување

spot_imgspot_img

Шефицата за комуникации на ФЗО екс новинарката Менче Точи ја пријавила новинарката Мирослава Бурнс која е на породилно боледување дека работела за време на породилно боледување за кое добивала надоместок од Фондот за здравство.

Ова е една од информациите во одлуката за постапката која Точи ја водела против Бурнс пред советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија.

Точи е екс новинарка на А1 Телевизија и други медиуми која сега е вработена како раководител во Фондот за здравство а Бурнс е новинар на Слободен Печат.

Во текстот од одлуката на Судот на чест на ЗНМ има низа детали кои можат да ве вознемират но и да ве насмеат:

СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗНМ, постапувајќи по претставката на Менче Атанасова Точи, раководител на одделение во Фондот за здравствено осигурување ФЗОМ, против однесувањето на Мирослава Бурнс, новинарка на Слободен печат, на седницата на
17.02.2023 година, ја донесе следната ОДЛУКА

СЕ ОТФРЛА ПРЕТСТАВКАТА ПОРАДИ НЕНАДЛЕЖНОСТ НА СОВЕТОТ, НО ВО ИСТО ВРЕМЕ СЕ ДОНЕСУВА МИСЛЕЊЕ ЗА НАСТАНАТА СИТУАЦИЈА

Образложение

До СОВЕТОТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗНМ, беше доставена претставка од Менче Атанасова Точи, Раководител на одделение во ФЗОМ, против Мирослава Бурнс, новинарка на „Слободен печат“, на кој претходеле претходни преписки и објаснувања за случај во кој Мирослава Бурнс барала заштита од ЗНМ, затоа што ценела дека службеникот во ФЗОМ постапувал селективно, па наместо одговор на нејзините прашања, одговорите ги дал на друга редакција.

Подносителот Менче Атанасова Точи пак наведува дека била вербално малтретирана и вознемирувана од новинарката Мирослава Бурнс која и испраќала пораки на нејзиниот ФБ профил и на полноќ – го известува ЗНМ и Советот на честа, на официјален документ од ФЗОМ дека новинарката Бурнс го злоупотребила боледувањето на кое била, со тоа што работела во исто време.

Разгледувајќи го случајот, Советот на честа заклучи дека треба да ја отфрли претставката, бидејќи во конкретниот случај, предмет на расправа не е новинарски текст, каде што би се видело прекршување на Кодексот, туку само наратив за комуникацијата на двете страни.

Советот на честа не е ФБ полицаец кој треба да проверува кој кому испратил порака и во кое време, но заклучи дека новинарката Мирослава Бурнс, која е незадоволна од односот на ФЗОМ, односно Менче Атанасова Точи, доколку не добила одговор на поднесеното барање за информации од јавен карактер, по истекот на 30 дена била ДОЛЖНА да поведе постапка пред Комисијата која решава по жалби за слободен пристап до информации од јавен карактер, а понатаму и тужба пред Управниот суд, кои, ако утврдат незаконско постапување можат да поведат и прекршочна постапка и да изречат казни.

ЗНМ во оваа фаза, како Здружение или преку Советот на честа не може да биде медијатор во постапката. Постапката е јасна, тоа се Комисијата и Управниот суд.

Советот на честа дополнително укажува дека и кога новинарите комуницираат со лицата одговорни за односи со јавноста, и воопшто во јавниот говор должни се да имаат професионален однос почитувајќи го членот 15 од Кодексот кој гласи: Новинарот мора да ја негува културата на говорот и етиката. Неспојливо со новинарската професија е непримерната комуникација со јавноста.

СОВЕТОТ НА ЧЕСТА, во исто време изразува сериозна загриженост од злоупотреба на лични податоци од Менче Атанасова Точи, изнесени во претставката, во кои го известува Советот дека во исто време, додека Мирослава Бурнс била на боледување – работела, со што сторила злоупотреба на боледувањето.
Во конкретниот случај станува збор за податок кој Атанасова Точи не смеела да го сподели со трети лица, туку, ако е точно, ФЗОМ да го извести надлежниот Инспекторат кој ќе ја утврди злоупотребата и ќе ја санкционира прекршителката. На ваков начин, Менче Атанасова Точи, извршила група повреда на Кодексот на државни службеници, со тоа што споделила податок кој го сознала во рамки на својата работа иако не смеела да го знае и затоа потешко го повредила Кодексот, па оттука Советот на честа јавно го повикува раководството на ФЗОМ да покрене дисциплинска постапка и да изрече санкции поради груба повреда на Кодексот и за тоа да ја информира јавноста.
По службена должност, а и по реакции на членови на ЗНМ, пред се новинарки кои во моментот користат породилно отсуство, СОВЕТОТ констатира дека подносителката Атанасова Точи, како раководител на одделение во ФЗОМ; како што тврди дека ја презела комуникацијата со новинарите во отсуство на портпарол, влегла во отворен конфликт со новинарките на социјалните мрежи, кои објавиле статуси дека се незадоволни што поради наводен хакерски напад, Фондот не им ги исплатува средствата за породилно отсуство, а раководството одбива да се појави во медиумите и да разговара за проблемот и за исплата на средствата по сите основи, од плати на лекарите до исплата на сите боледувања или средства за рефундација на лекови.
Менче Ататнасова Точи, како државен службеник влегла во отворени напади, обвинувајќи ги новинарките – мајки, дека подгреваат тензии во јавноста, дека имаат пари или да се стрпат и ќе ги добијат парите, со што предизвика разни негативни коментари на социјалните мрежи.
Затоа, Советот на честа при ЗНМ, оценува дека е неприфатливо, државен службеник, независно дали е во или вон работно време да се впушта во ваква јавна расправа, да етикетира и навредува, со што директно крши повеќе одредби од Кодексот на државни службеници.
Советот покрај барањето за санкционирање на раководителката на сектор, да се огради јавно од ставовите и коментарите на Менче Атанасова Точи и веднаш да назначи портпарол на институцијата кој ќе воспостави нормална комуникација со медиумите. Се друго би било на штета на сите граѓани кои се засегнати од ситуацијата во ФЗОМ, а преку медиумите не можат да добијат соодветна, правовремена и точна информација.

СОВЕТ НА ЧЕСТА ПРИ ЗНМ
Претседател
САШЕ ДИМОВСКИ

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Прилепскиот шарпланинец Љубо стана светски Шампион.

Прилепскиот шарпланинец Љубо од одгледувачницата за шарпланинци Каравилоски го освои првото место во светот во расата шарпланинци на светското првенство кое се одржа...

Дедо Петар: Нашиот народ е мудар и знае за кого треба да гласа во среда !!

Ќе избереме добро или зло; вистина или лага; светлина или темнина; живот вечен или духовна смрт; Бога или ѓаволот?, прашува владиката Петар во пресрет...

Охриѓани ја продолжија традицијата – одиграа фудбалски натпревар стари против млади по повод Велигден!

Фудбалски натпревар кој 64-ра година по ред се игра по повод Велигден! Традиција која ја започнале жителите на Месокастро, а низ годините им се...

Да си ја сакаме државата, да го сакаме ближниот, велигденска честитка на Мицкоски

Од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ на сите верници им го честитам големиот христијански празник, Христово Воскресение – Велигден. Христовото воскресение...