29.9 C
Ohrid
недела, јули 6, 2025
ПочетнаМакедонијаПосле 31 година постоење Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација призната од Агенција за...

После 31 година постоење Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација призната од Агенција за млади и спорт !!!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Македонската Традиционална Таеквон-до Федерација, која го негува Таеквон-до ИТФ, точно после 31 година постоење конечно доби Решение дејност спорт од Агенцијата за млади и спорт .
Таеквон-до ИТФ во Македонија го донесе г-н Саша Поповски носител на црн појас V дан, некогашен репрезентативец на Југославија кој за време на распадот на Југославија бил приморан да се пресели за време од војната во нашата држава. Отворајќи го првиот клуб на 22.02 1992 година во Охрид, кој и ден денес опстојува под името Таеквон-до клуб “МАСТЕР”Охрид. Во изминативе триесет години имаме учествувано на седум Светски и шест Европски првенства од кои досега имаме осовено 3 медали од Светски првенства, златен, сребрен и бронзен, и 6 медали од Европски првенства , 3 бронзени и 3 сребрени медали. Изјавува Марјанчо Лазаревски носител на црн појас V дан, поранешен светски вицешампион Прага ’96, сегашен претседател на МТТФ, кој е трет претседател на МТТФ и ученик на Саша Поповски, кој користи прилика да изрази огромна благодарност до Агенцијата за млади спорти , и директорот г-н Наумче Мојсоски. Воедно честитки до АМС и до директорот на АМС г-н Наумче Мојсоски пристиганаа и од првите луѓе на ИТФ (ИнтернационалнаТаеквон-до Федерација) претседателот проф. Ри Јонг Сон, и претседателот на ЕИТФ (Европската ИнтернационалнаТаеквон-до Федерација) Гранд Мастер Мајкл Е Пруит.

<


Како за старт МТТФ му ја додели честа на Таеквон-до клуб “МАСТЕР”Охрид, како најстар клуб, да го организира првото државно првенство во Таеквон-до ИТФ на 11 март 2023, во спортската сала (мала сала)Билјанини извори.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Македонецот Никола победи на „Ѕвездите на Гранд“

Синоќа се одржа големото финале на музичкиот натпревар „Ѕвездите на Гранд“, а токму македонецот Никола Станишиќ победи. Имено, Никола Станишиќ е роден на 18 февруари...

Трагедија во Охрид: Средовечен маж пронајден мртов во езерото кај плажата Извиднички

Тешка несреќа денеска попладне кај плажата Извиднички во Охрид. Средовечен маж бил извлечен од водите на Охридското Езеро без знаци на живот. Иако присутните...

Лишен од слобода “бајач” од скопско кој измамил брачен пар од Берово, за 400.000 евра

Лишен од слобода "бајач" од скопско, измамил брачен пар од Берово за 400.000 евра На 03.07.2025 година Б.Д. (76) од Берово во СВР ШТИП...

Претседателката е шокирана дека 40 отсто од администрацијата ништо не работи

Претседателката на државата, Гордана Сиљановска-Давкова изјави дека e „шокирана од изјавата на министерот Горан Минчев“ дека 40 отсто од вработените во администрацијата или ништо...