4 C
Ohrid
понеделник, февруари 24, 2025
ПочетнаМакедонијаПендиков може да одговара и кривично- Сите навреди упатени кон Македонија и...

Пендиков може да одговара и кривично- Сите навреди упатени кон Македонија и кон македонскиот народ се казниви !!!

spot_img

Адвокати велат дека Пендиков може да се гони за кривични дела против честа и угледот по член 178 и 179 од Кривичниот законик на Република Македонија.

<

Секретарот на бугарскиот клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид, Христијан Пендиков, може да одговара за навредите и обвинувањата упатени кон Македонија и кон Македонците, поради неговите изјави кои ги дава во бугарските медиуми, при што би можел да добие парична казна за овие дела.

Адвокати велат дека Пендиков може да се гони за кривични дела против честа и угледот по член 178 и 179 од Кривичниот законик на Република Македонија- пишува Плус Инфо.

Адвокатот Јанаки Митровски вели дека во Кривичниот законик има членови за кривични дела подбивање и изведување на потсмев на Македонија, македонскиот народ и народностите, но тоа останува во рацете на Јавното обвинителство дали воопшто и кога ќе поведе постапка против Пендиков.

– Во зависност од тоа за која изјава се работи, генерално е точно дека не само Пендиков туку кој било може да одговара за излагање на подбив на македонскиот народ и за припадниците на заедниците доколку јавно се исмева македонскиот народ или припадниците на заедниците кои живеат во Македонија. Ваква кривично правна заштита Македонија требаше да бара уште при отворање на наци клубот во Битола во кој има негаторски цитати кон нас – ни изјави адвокатот Јанаки Митровски.

Членот 178 од Кривичниот законик е поврзан со Повреда на угледот на Република Македонија и наведува дека ќе се казни со парична казна тој што со намера за исмејување јавно ќе ја изложи на подбив Република Македонија, нејзиното знаме, грб или химна. Додека во членот 179 – Излагање на подбив на македонскиот народ и припадници на заедниците се вели „тој што со намера за исмејување јавно ќе ги изложи на подбив македонскиот народ и припадниците на заедниците кои живеат во Република Македонија, ќе се казни со парична казна“.

За ова говореше вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во интервју за „Макфакс“ каде посочи дека Христијан Пендиков би можел кривично да одговара за навредите и обвинувањата кон Македонија и македонскиот народ при што посочи дека Пендиков своите тврдења дека Бугарите во Македонија се малтретирани ќе треба да ги докаже.

– Такво тврдење треба да се докаже. Тоа не е точно, според мене, дека е напаѓан затоа што е Бугарин. Ние одговоривме, секако дека не оправдуваме насилство кон никого. За обвинувањата и навредите кон Македонија, може да се одговара кривично. Не мора да го врати државјанството. Би го повикал Обвинителството, исто како што сме го повикале и во најновите случаи сега, секаде каде што има говор на омраза, омаловажување на нашиот народ и на достоинството, да си ја сработи својата работа. Пендиков не треба да биде исклучок – рече Маричиќ.

Универзитетскиот професор д-р Гордан Кајалџиев во изјава за Плусинфо вели дека можеби и може да се поведе обвинение против Христијан Пендиков за навредите и обвинувањата упатени кон Македонија и кон Македонците, но додава дека сето сѐ коси со сите обиди да се намалат тензиите кои во моментов ги има на релација Скопје-Софија.

– Ова според мене е политичка будалаштина, бидејќи во оваа ситуација каде што велат дека треба да се смират страстите меѓу Бугарија и Македонија, ние да му поднесеме кривична пријава. Според мене, тоа не одговара на целта што власта ја форсира по секоја цена да се дојде до измена на Уставот за внесување на Бугарите, така што ова и не би го коментирал – ни рече проф. д-р Калајџиев.

Поставивме прашања и до Основното јавно обвинителство, дали можеби е во план отворање постапка против Христијан Пендиков во која тој ќе одговара за упатените навреди и обвинувања кон Македонија и македонскиот народ. За повеќе детали Тука

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Семејно насилство во Штип – Свекор ја натепал снаата

62-годишен жител на Штип вчеравечер е уапсен откако бил пријавен од неговата снаа, која вели дека физички ја нападнал, соопшти полицијата.

Од Дебар до Тирана ќе се стигнува за еден час

На 14 март ќе се отвори тунелот Муриз, дел од автопатот „Патот на Арбр“, со што патувањето од Дебар до Тирана ќе се скрати...

Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека нема никакви списоци за партиски вработувања како што обвинува опозицијата, ниту на министерот за животна средина Изет Меџити му...

Почина 21-годишен осуденик од Штип откако бил донесен во болница со знаци на предозираност?!?

На 22.02.2025 во 11.31 часот во СВР Штип, од Клиничка болница Штип било пријавено дека кај нив од Казнено – поправната установа Затвор Штип...