7.1 C
Ohrid
вторник, декември 10, 2024
ПочетнаМакедонијаЦената на лебот ќе биде замрзната на 33 денари до 31 мај,...

Цената на лебот ќе биде замрзната на 33 денари до 31 мај, а потоа што ќе биде никој не знае……

spot_img

Цената на лебот се замрзнува на 33 денари и се укинува субвенционираната струја за прехранбената индустрија. Ова се двете одлуки кои Владата ги донесе на денешната седница а кои ќе бидат објавени во службен весник до крајот на денот или најдоцна утре. Субвенционирана струја по цена од 80 евра за мегават час за компаниите ќе има до 1 април кога им истекуваат договорите а потоа ќе треба да се снабдуваат од слободниот пазар.

Дел од производителите ја злоупотребиле мерката и не ги намалиле цените, тоа го потврдиле инспекциите на пазарната инспекција и тоа е клучната причина поради која Владата се одлучи на овој чекор.

Министерот за економија, Крешник Бектеши, ги презентираше анализите кои покажуваат дека цените на енергенсите се далеку пониски од цените кои биле во октомври и ноември минатата година а истото важи и за суровините кои сега се поевтини. Според пресметките на економија цената на векна бел или полубел леб во која е вклучен профит и маржа е 32 денари. Затоа до 31 мај цената на лебот ќе биде 33 денари додека за производите до 450 грама тежина ќе биде до 33 денари или поевтино. Аргумент повеќе за министерот беше дека во повеќе градови низ државата цената на овие два тип леб е под 33 денари.

Околу најавите на претставниците на пекарската индустрија дека во моментот кога ќе биде објавена одлуката во Службен Весник ќе престанат со производство и дистрибуција на леб, Бектеши соопшти дека има институции, инспекции, прописи и регулативи без да прецизира дали би имало санкции и какви би биле тие.

Тој ги повика претставниците на пекарите на состанок и разговор за да се најде решение кое ќе биде прифатливо за двете страни и секако за граѓаните.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Артан Груби со семејството на црната листа на САД

Артан Груби, поранешниот вицепремиер на Македонија, неговото семејство, како и Енвер Беџети, судија на Апелациониот суд завршија на црната листа на САД. Веста штотуку ја...

Ахмети до Мицкоски: И ние сме незадоволни од компромисот во 2001ва, но тоа е најдобро за сите

Лидерот на Демократската унија за интеграција Али Ахмети вечерва oд пред Уставниот суд, каде што од вчера се организира т. н. „Стража на јазикот“,...

Уставен нема да ја преиспитува уставноста на Законот за јазици

Според рефератот на судијата известител, кој ќе биде разгледан од уставните судии в среда, не се предлага поведување постапка за оценување на уставноста на...

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион во Охрид.

Започнуваат градежните активности за изградба на западната трибина на градскиот стадион. Огромен проект за нас од многу аспекти, посебно од спортски и сето...