13.9 C
Ohrid
сабота, мај 4, 2024
ПочетнаМакедонијаДедо Петар ќе отвора нова телевизија која ќе зрачи во Скопје?!?

Дедо Петар ќе отвора нова телевизија која ќе зрачи во Скопје?!?

spot_imgspot_img

Нова телевизија ќе зрачи во етерот на скопскиот регион, откако вчера Агенцијта за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги му одобри на друштвото „Преобразба“ да отвори телевизиски канал, што ќе се емитува преку кабелските оператори во Скопје и околината – регион кој е и по број на жители најголем, но и економски најмоќен во државата, објави порталот Фактор.
Според информациите на Фактор, зад овој нов медиум кој што би требало да почне да зрачи наскоро, стои Митрополитот преспанско-пелагониски, Владиката Петар, кој со своето световно име Петар Каревски, е основач и сопственик на ДПТУ „Преобразба“.

Телевизијата доби дозвола за општ, претежно забавен формат, каков што имаат најголемиот дел од телевизиските станици во државава.

Во Одликата на Советот на АВМУ, меѓу другото, стои дека „се доделува дозвола за телевизиско емитување на програмски сервис со претежно забавен општ формат, на македонски јазик, на регионално ниво Скопје, што ги опфаќа градот Скопје и општините Чучер сандево, Арачиново, Илинден, Петровец, Зелениково, Студеничани и Сопиште, на правното лице ‚Преобразба“.

Дозволата се доделува на временски период од девет години, стои во одлуката.
Извор:Фактор

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Гоцевата дружина- Објавена е уште една непозната фотографија од македонската историја

Истражувачите Диме Ратајковски и Душко Дуле Апостолски по повод годишнината од смртта на македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев, за првпат од нивната приватна...

Давкова: Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев!

Никој нема право да се откажува од апостолот на македонската револуционерна борба Гоце Делчев! Никогаш нема да дозволиме некој во наше име да ја...

Полицаец со двајца другари киднапирале скопјанец, му се заканиле дека ќе го убијат него и неговиот татко

Полицаец, заедно со уште двајца скопјани, се осомничени за грабнување и разбојништво, бидејќи киднапирале маж, а откако го повредиле, му се заканиле дека ќе...

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев.

Македонија одбележува 121 година од смртта на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев. По тој повод, делегации и граѓани ќе положат цвеќе пред...