27.9 C
Ohrid
сабота, јули 12, 2025
ПочетнаМакедонијаФатиме Фетаи децидна: Таткото на Вања треба да остане во затвор и...

Фатиме Фетаи децидна: Таткото на Вања треба да остане во затвор и покрај што тврди дека не ги познава обвинетите !!!

spot_imgspot_imgspot_imgspot_img
spot_img

Таткото на убиеното четиринаесетгодишно девојче Вања Ѓорчевска, Александар Ѓорчевски кој е осомничен дека и давал информации на групата на Љупчо Палевски – Палчо кој е под сомнение дека го убил девојчето денеска од затворот во Шутка беше донесен во Апелациониот суд на јавна седница на која заедно со неговиот адвокат побараа да биде пуштен во куќен притвор или да му бидат одредени мерки за претпазливост.

<

-Јас не разбирам. Не ги познавам, беа единствените зборови на осомничениот најверојатно сакајќи да каже дека не ги познава осомничените.

Тој и неговиот адвокат, Владимир Туфегџиќ поднеле жалба на одлуката на Кривичниот совет да му биде продолжен притворот, па сега второстепниот суд ќе одлучува по нивната жалба.

Додека чекаше да биде викнат во судницата таткото само гледаше надолу, а кога влезе внатре плачеше додека неговиот адвокат тврдеше дека бил неправедно обвинет и дека и покрај големата трагедија му се случува и друга трагедија.

Неговиот адвокат ги спореше основите на Кривичниот совет да му го продолжи притворот и тврдеше дека не се издржани основите по кои му е продолжен притворот, односно опасност од бегство, влијание врз сведоци, опасност да го повтори делото.

-Во текот на истражната постапка поради проактивниот пристап на осомничениот обезбедени се осум или девет сведоци клучни за утврдување на состојбата. Не се издржани основите за опасност од бегство. Тој не може да влијае на никого и не може да го повтори нешто што не сторил. Тврдам дека се работи за големо недоразбирање и грешка и сметам дека со ваквите одлуки за држење во притвор ситуацијата се усложнува и од една трагедија што се случи се прави друга трагедија, изјави неговиот адвокат.

Туфегџиќ тврди дека јавниот обвинител му нема предочено ниту еден доказ, врз основа на којшто ја темели одлуката за осомничениот татко.

Адвокатот на седницата обелодени дека во затворот во Шутка се врши тортура врз осомничениот. Според него, тој повеќе од шест пати без наредба на јавен обвинител и судија на претхопдна постапка бил испрашуван од непознати лица, под секое достоинство.

Му било наредено да се сврти со лицето кон ѕидот, а лицата кои го испрашувале биле застанати позади неговиот грб се обидувале да изнудат исказ од него.

Но, обвинителката Фатиме Фетаи која е виш јавен обвинител беше децидна дека таткото на Вања не треба да излезе од притвор.

Според неа, Кривичниот совет донел сосема исправно решение затоа што според неа, постои реална опасност од бегство и за него не постојат само сомнение туку обвинителството има осоновано сомнение од висок степен дека помогнал со умисла.

Таа објасни дека реална е и опасноста од попречување на истражната постапка која се уште трае и во која ќе се испитуваат уште сведоци и ќе се прибираат докази.

-Во овој стадиум на постапката, според неа, единствен ефикасен механизам е осомничениот да остане во притвор и порача дека куќен притвор во никој случај не смее да му се одреди бидејќи овој притвор би го издржувал на исто место со мајката и малолетната ќерка.

Адвокатот на ова веднаш објасни дека таткото не живее заедно со мајката од 2018 година, кога се развеле, туку мерката притвор би ја издржувал во станот каде живее со неговата мајка кој е во близина на неговиот претходен стан, но и покрај ова Фетаи остана на своето тврдење.

Апелациониот суд на чело со судијката Тања Милева сега треба да донесе одлука дали таткото на убиеното девојче ќе остане во притвор или ќе му одреди други мерки.

Главниот осомничен за убиството, Палевски се уште е во Турција и иако се најавуваше дека за брзо ќе биде испорачан, тој се уште не е екстрадиран во Македонија.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
spot_imgspot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

МВР одобри 24-часовна полициска заштита за Данела Арсовска

МВР ѝ одреди 24-часовна заштита на Данела Арсовска по серија закани и инциденти. Министерството објави детали за сите случаи и апелира за институционална соработка. Одлука...

Градоначалникот Пецаков: „Заливот на коските” – пример како се гради туристичка приказна

Денеска во употреба се пушти целосно санираниот Музеј на вода - "Заливот на коските". Овој музеј е значајна алка во туристичката понуда на градот и...

ВМРО-ДПМНЕ: Само СДС и бугарските политичари се во одбрана на Данела

Од ВМРО-ДПМНЕ велат дека некогаш големата СДСМ се сведела заедно со Бугарија да бидат гумата за спасување на кариерата на Данела Арсовска. „И СДС во...

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите- Треба да се грижат за хигиената и зеленилото во општината.

Општина Аеродром им најде работа на пензионерите. Планира да ги ангажира да ги одржуваат зеленилото и хигиената во Општината. Оние пензионери што седат дома и...