16.9 C
Ohrid
сабота, јули 27, 2024
ПочетнаМакедонија„Заедно за чисто Охридско езеро“ – Од секое купено Скопско издвојуваме по...

„Заедно за чисто Охридско езеро“ – Од секое купено Скопско издвојуваме по 1 денар за заштита на нашето природно богатство

Што ќе оставиме зад себе?“ е главното прашање и порака која СКОПСКО ја упатува во новиот ТВ спот за долгорочната општествено одговорна платформа – НАША ГОРДОСТ. НАША ОДГОВОРНОСT, која првично беше претставена во декември минатата година. Платформата е создадена со една единствена цел – преку одговорно одложување на отпадот да ги зачуваме прекрасните природни богатства со кои изобилува нашата земја, да оддадеме признание на сите групи и поединци кои преку личен пример покажуваат како треба да се грижиме за нив и да поттикнеме акција за истите да блеснат во сиот свој сјај.

Првиот чекор за оваа година е кампањата „Заедно за чисто Охридско езеро“ која што започнува со иницијатива за собирање на средства при што од секое продадено стаклено шише од 0.5л Скопско и Скопско Smooth се издвојува по 1 денар за активности посветени на чистење на нашето најпрепознатливо придодно обележје. Дел од планираните активности, за чија цел ќе се искористат овие средства се поставување на пловни препреки на едни од најголемите загадувачи на Охридското езеро – реката Сатеска и реката Даљан, акции за чистење на крајбрежјето и дното на езерото, како и различни активности кои се фокусирани на подигнување на свесноста за проблемот и едуцирање на општата јавност за решенијата.

„Идејата на оваа кампања е на еден широк и инклузивен начин да ги вклучиме сите љубители на Скопско – со купување на омиленото пиво директно да ја поддржат заложбата и да се вклучат во остварување на идејата за долгорочно одржување на чисто Охридското Езеро. Ова е почеток на кампањата, но во годините кои следат фокусот ќе биде и на останатите природни и културни обележја. „Крајната цел е преку заедничка акција да допринесеме до природни убавини ослободени од отпад и едуцирана јавност која знае како да ги заштити“, изјави Марта Завкова, Сениор Бренд Менаџер на Скопско.

Реализацијата на овој проект е во соработка со клучните партнери Пакомак, Министерството за животна средина и просторно планирање, општините Охрид, Струга и Дебрца, како и волонтерите.

„Полека но сигурно идејата за чиста и зелена иднина позитивно се одразува кај сите, па иако нè чека уште многу работа, секој чекор напред е важен! Во овој момент едукацијата за циркуларна економија е особено важна, а токму преку собирање, селектирање и рециклирање на отпадот може да се придонесе кон почиста средина,“ изјави Филип Ивановски, извршен директор на Пакомак.

За целите на платформата, култните стаклени шишиња на Скопско и Скопско Smooth добија нов, тематски дизајн и веќе се пуштени во продажба. Повеќе информации за платформата и планираните акции може да најдете на skopsko.mk.

spot_imgspot_img
spot_imgspot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Кавадарчанец украл коњи кои требале да учествуваат на „Илиденски марш“

Министерството за внатрешни работи информираше дека вечера во 08.20 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода И.В.(44) од Кавадарци. Кај него бил...

Парите се запленети: Македонски граѓани сакал да внесе скоро 7.000 евра

Царинските службеници од граничниот премин Табановце спречиле обид за нелегално изнесување 6.800 евра од патник кој не пријавил дека носи поголема сума девизи. - Лицето...

Три девојки синоќа барале помош од ЦУК, наишле на диви свињи на Водно

Три девокји синоќа околу 23 часот безбедно биле евакуирани откако на симнување од врвот на Водно имале средба со диви свињи. Тие на бројот...

Почина бебе во Богданци – телото дадено на обдукција

Вчера во 09.10 часот во СВР Струмица, лекар од Итна медицинска помош Гевгелија пријавил дека во Богданци починало машко бебе. Според надлежните, бебето од раѓање...