8.9 C
Ohrid
среда, декември 11, 2024
ПочетнаСветБелорускиот нобеловец Алеш Бељацки осуден на 10 години затвор

Белорускиот нобеловец Алеш Бељацки осуден на 10 години затвор

spot_img

Минатогодишниот добитник на Нобеловата награда за мир и активист за човекови права, Алеш Бељацки, денеска од суд во Белорусија е осуден на 10 години затвор.

Нобеловецот и уште двајца активисти од Центарот за човекови права „Весна“, што тој го основаше, беа уапсени за време на протестите во 2020 година против реизборот на белорускиот претседател Александар Лукашенко.

Лукашенко, кој е на власт од 1994 година, ја потисна опозицијата во земјата и ги задуши сите независни медиуми.

Обвиненијата во судењето на Бељацки, што почна на 5 јануари, се поврзани со тоа што „Весна“ им давала пари на политичките затвореници и помагала да ги платат нивните судски трошоци.

Минатата година уапсениот активист беше прогласен за добитник на Нобеловата награда за мир, заедно со руската група „Меморијал“ и украинската организација „Центар за граѓански слободи“.

Бељацки не можеше во декември да присуствува на церемонијата на доделување на Нобеловата награда, а во негово име на свеченоста зборуваше сопругата Наталија Пинчук.

spot_imgspot_img
spot_img
spot_img
ПОВРЗАНИ СТАТИИ

Најпопуларни

Повеќе постови

Србите бесни: Жестока провокација за Звезда уште пред почетокот на натпреварот со Милан

Милан од 21 часот на стадионот „Сан Сиро“ ќе ја дочекува Црвена Ѕвезда во шестото коло од Лигата на шампионите. Гостите беа разочарани од...

Тошковски: Над 45% од менаџерските функции во МВР се жени

Тошковски: Жените имаат моќна улога во создавањето на позитивни промени, над 45% од менаџерските функции во МВР се жени Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски...

Ахмети: Доколку се утврди вина Груби сам ќе се повлече од ДУИ

Ние не ги оспоруваме одлуките на Американскиот Стејт департмент, господин Груби има право на жалба, ќе го води процесот насочен со факти. Ова право...

Кирил Пецаков : Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат

Кирил Пецаков - Градоначалник на Општина Охрид: Со чесна и транспарентна работа, промените во Охрид се гледаат Охрид, со својата историја, култура, природни убавини и...